Најчести грешки при воведување дохрана. Како да го направите овој важен чекор без притисок и заблуди?

Воведувањето на дохрана е голем чекор и за бебето и за родителите. Често е проследен со дилеми, спротивставени совети и очекувања дека сe мора да оди „совршено“.

Најчести грешки при воведување дохрана

Во реалноста, токму во овој период се прават и најмногу грешки, најчесто од добра намера.

Еве кои се најчестите и како да ги избегнете.


1. Започнување прерано или предоцна

Многу родители започнуваат со дохрана пред 4тиот месец или чекаат значително подолго од препорачаното.

Факт е дека најсоодветниот период е околу 6тиот месец, кога бебето може да седи со поддршка, кога покажува интерес за храна и ја губи рефлексот да ја турка храната со јазик.


2. Прерано заменување на доењето со дохрана

Дохраната во почетокот е дополнување, не замена за мајчиното млеко или формулата.

Грешка е очекувањето бебето веднаш да изеде „оброк“. Првите недели се за осознавање на вкусовите и текстурата и за навикнување на дохраната, а не за ситост.


3. Претерана грижа околу количината

Броење лажички и споредување со други бебиња создава непотребен стрес.

Запомнете дека бебето најдобро знае колку му е доволно. Присилувањето може да доведе до одбивање на храна.


4. Премногу брзо воведување повеќе намирници

Некои родители воведуваат повеќе нови вкусови одеднаш.

Препорака е да воведувајте една нова намирница на 2 до 3 дена за полесно препознавање на евентуални реакции или алергии.


5. Додавање сол, шеќер или зачини

Бебешките бубрези и дигестивниот систем сè уште се незрели.

Важно е оброците да бидат без сол, без шеќер и до една година без мед.


6. Игнорирање на сигналите на бебето

Вртење на главата, затворање на устата или плач се знаци дека бебето е заситено или не е подготвено.

Хранењето треба да биде смирено без притисок и во ритам со потребите на бебето.


7. Страв од текстури

Долгото задржување само на пасирана храна може да создаде потешкотии подоцна.

Со тек на време постепено воведувајте погусти текстури и дозволете бебето да истражува со рацете.


8. Прескокнување намирници богати со железо

По 6тиот месец, резервите на железо почнуваат да се намалуваат.

Важно е да се вклучат месо, леќа, жолчка од јајце и збогатени каши.


9. Хранење на брзање или пред екрани

Телевизорот или телефонот го одвлекуваат вниманието и го нарушуваат чувството за глад и ситост.

Хранењето треба да биде фокусирано и време наменето за поврзување.


10. Очекување дека бебето веднаш ќе сака сè

Одбивањето на нова храна е нормално. Понекогаш се потребни 10 до 15 обиди пред прифаќање на нов вкус.


Воведувањето дохрана не е трка, туку процес. Најважни се трпението, довербата во бебето и прифаќањето дека секое дете има свое темпо.

Колку помалку притисок правите толку е поголема љубовта кон храната.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет