cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Не е страшно тоа што е важно. Првиот гинеколошки преглед без стрес

Првиот гинеколошки преглед е важен момент во животот на секоја жена. Без разлика дали е за превенција, контрола на здравјето или советување за контрацепција, овој преглед може да предизвика неизвесност или страв.

Првиот гинеколошки преглед без стрес

Разбирањето што да се очекува може да помогне да се чувствуваш поопуштено и подготвено.


Зошто е важен првиот преглед?

Првиот гинеколошки преглед помага за:

  • Превенција на болести односно откривање на инфекции, промени на грлото на матката или други состојби на рана фаза.
  • Проверка на репродуктивното здравје преку следење на менструалниот циклус, овулација и здравје на јајниците.
  • Советување за контрацепција и репродуктивни планови преку избор на најсоодветни методи за контрацепција или информации за идно планирање на бременост.
  • Психолошка поддршка со можност да се постават прашања за сексуално здравје, менструација или промени во телото.


Што да очекуваш на првиот преглед?

1. Разговор (анамнеза)

Прегледот обично започнува со разговор со гинекологот:

  • Поставување прашања за менструалниот циклус, болки, симптоми или инфекции.
  • Историја на здравје на семејството и лични медицински проблеми.
  • Прашања за сексуално здравје, контрацепција или планирање бременост.

Овој дел е многу важен, затоа е корисно да бидеш искрена и да не се срамиш од прашања.


2. Физички преглед

  • Преглед на надворешните гениталии: проверка на кожа, мукоза и знаци на инфекции.
  • Спекулум преглед кога гинекологот користи специјален инструмент за да ги види внатрешните структури и грлото на матката. Овој преглед може да вклучува земање брис за ПАП тест или тест за инфекции.
  • Палпација на јајници и матка каде преку вагината или стомакот се проверува големина, форма и присуство на можни абнормалности.


3. Советување и резултати

По прегледот, гинекологот ќе: објасни што е нормално, а што треба да се следи, даде совети за хигиена, менструација, контрацепција и сексуално здравје, дискутира за можни третмани или следење ако е потребно.


Како да се подготвиш за првиот преглед?

  1. Запиши ги сите сите прашања за циклусот, контрацепција, болки или промени во телото.
  2. Земи медицинска историја односно информации за претходни заболувања, операции или лекови.
  3. Опушти се бидејќи прегледот може да биде непријатен, но не е болен. Гинекологот е професионалец и има обврска за дискретност.
  4. Првиот преглед може да трае подолго, затоа планирај време за него.

 

Првиот гинеколошки преглед е можност да се започне грижа за здравјето и да се стекне самодоверба во сопственото тело. Подготовката, искреноста и комуникацијата со гинекологот се клучни за позитивно искуство. Со знаење што да се очекува, овој преглед може да стане корисен и смирувачки дел од здравствениот живот на секоја жена.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет