Промени во градите за време на бременоста. Што е нормално, а што изненадува?

Промените во градите се природен дел од бременоста и знак дека телото се подготвува за доење.

Промени во градите за време на бременоста

Иако некои може да изгледаат необично и предизвикуваат загриженост, најчесто се безопасни односно станува збор за природен одговор на телото кое се подготвува за доење.

 

Зошто доаѓа до промени во градите?

Главната причина се хормоналните промени, особено зголемувањето на: естроген, прогестерон и пролактин.

Овие хормони го стимулираат растот на млечните жлезди и ја зголемуваат циркулацијата на крвта во градите.

 

Најчести промени по триместри

1. Во раната бременост се појавува: чувство на затегнатост и тежина на градите, болка или осетливост при допир, пецкање или топлина. Во овој период градите изгледаат пополни.

Овие симптоми често се поинтензивни од оние пред менструација.

 

2. Зголемување на обемот на градите

Со напредувањето на бременоста градите може да пораснат за една или повеќе величини и кожата се истегнува, па градникот кој дотогаш сте го носеле станува тесен.

Ова е постепен процес и се разликува од жена до жена.

 

3. Промени на брадавиците и ареолите

Други промени на градите се оние кои се однесуваат на брадавиците и ареолите Доаѓа до потемнување на ареолата и зголемување на брадавиците, а се појавуваат и мали испакнатини таканаречени Монтгомерови жлезди. Се зголемува и нивната чувствителност.

Овие промени имаат заштитна и функционална улога при доењето.

 

4. Видливи вени

Поради зголемен проток на крв вените на градите стануваат поизразени, па со тоа кожата може да изгледа потранспарентна.

Ова е нормална физиолошка појава.

 

5. Истекување на колострум

Во вториот или третиот триместар кај некои жени се појавуваат капки во форма на жолтеникава течност. Тоа е колострум односно првото млеко

Не значи дека породувањето е блиску само дека телото се подготвува.

 

Дали болката е секогаш присутна?


Некои жени имаат изразена болка, други само чувство на тежина, а кај трети речиси и да нема непријатност. Сите варијанти се нормални. 

 

Како да ги негувате градите во бременост?

  • Носете удобен, добро потпирачки градник.
  • Избегнувајте тесна облека.
  • Користете хидратантни креми или масла.
  • Избегнувајте често стискање и притисок.
  • Секогаш слушајте го сопственото тело.

 

Кога да се јавите на лекар?

Побарајте совет ако забележите: силна болка во една града, црвенило, топлина или оток, исцедок со крв и јазол кој не се менува со време

Овие симптоми се ретки, но секогаш заслужуваат проверка.

 

Промените во градите за време на бременоста се знак дека телото активно се подготвува за мајчинството. Иако понекогаш непријатни или изненадувачки, тие се дел од природниот процес на создавање живот.

Секоја бременост е различна и секоја промена има своја улога.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет