Промоција на рубриката "Прегратка на дар"
И сите таги ќе исчезнат знам, ќе нема веќе болка ниту грам, очите мои ќе светнат ко' жар, ако добијам бар прегратка на дар...ако добијам бар, прегратка на дар...

Рингераја е создадена за да прегрнува и за да ја прегрнуваат...
Не' прегрнува секогаш кога сме осамени и тажни во долгите ноќи, најтешките моменти, во мачните и навидум безнадежни очекувања...
Ја прегрнуваме во најсреќните мигови, со неа ги споделуваме сите свои радости, надежи, достигнувања...
Врската меѓу нас е веќе толку силна, искрена и топла што сме подготвени заедно да го прегрнеме и целиот свет...
Се чувствуваме способни со нашата прегратка да стоплиме нечие срце, да измамиме насмевка на нечие лице, да направиме некого среќен, макар и за миг...
А кого најмногу сакаме? Се разбира, децата.
ЗАРАДИ ВАС И ЗАЕДНО СО ВАС, РИНГЕРАЈА е подготвена да ги прегрне сите болни дечиња, кои Новата Година ќе ја поминат во болница.
Бидете со нас и дадете барем една "ПРЕГРАТКА НА ДАР"
Мисијата на "Прегратка на дар" |
И конечно, првата играчка во рубриката:
Изработка на играчки |
Помогнете ни заедно да влијаеме во изградба на подобро општество и да ги израдуваме болните дечиња за време на Новогодишните празници.
ГРАМ ЉУБОВ за ТОН ЗДРАВЈЕ |