cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Промени во расположение во бременоста - како да се справитe со нив на здрав начин

Од насмевка до солзи за само неколку минути. Зошто бременоста го менува вашето расположение и што можете да направите?

Промени во расположение во бременоста

Бременоста е време на возбудливи очекувања, но и на физички, емоционални и хормонски турбуленции. Многу жени се изненадуваат кога од еуфорија преминуваат во тага, раздразливост или анксиозност, често без очигледна причина. Иако е ова нормално, не значи дека мора да се помируваш со таквите чувства. Разбирањето на причините и наоѓањето начини за справување може да направи голема разлика.

 

Зошто доаѓа до промени во расположението?

1. Хормонални флуктуации

Во првото и третото тромесечје, нивото на естроген и прогестерон значително се зголемува. Овие хормони влијаат на невротрансмитерите во мозокот, хемикалии кои го регулираат расположението.

2. Физички непријатности

Умор, мачнина, несоница, болки во грбот се телесни симптоми за време на бременоста кои можат да ја исцрпат твојата енергија и трпение.

3. Ментален товар и грижи

Стравовите околу породувањето, родителството, финансиската стабилност, промените во врската предизвикуваат емоционален замор.

4. Недостаток на социјална поддршка

Кога жената нема со кого да ги сподели своите чувства или се чувствува неразбрана, тоа дополнително ги интензивира негативните емоции.

 

Кога е времето за загриженост?

Промените во расположението се вообичаени, но ако чувствуваш:

  • Постојана тага повеќе од 2 недели
  • Загуба на интерес за секојдневни активности
  • Проблеми со спиење или исхрана (надвор од она што е нормално за бременоста)
  • Чувства на безвредност, вина или безнадежност
  • Панични напади или интензивна анксиозност, тогаш е важно да разговараш со матичен лекар или психолог.

Можно е да се работи за пренатална депресија. Честа состојба која заслужува внимание.

 

Како можете да си помогнете?

1. Земете пауза и вдишете длабоко

Кога ќе почувствувате дека сте преплавени, направете пауза од сè. Длабоко дишење, прошетка, слушање музика или кратка медитација може да ве стабилизираат.

2. Движете се, полека и редовно

Лесни вежби, прошетки, јога за бремени жени, сите овие движења го подобруваат расположението преку ослободување на ендорфини.

3. Храни го телото и умот

Избалансирана исхрана богата со витамини (особено Б-комплекс и омега-3) има директно влијание врз вашата психичка стабилност.

4. Спијте и одмарајте се доволно

Недостатокот на сон го влошува секое чувство. Обидете се да создадете рутина за спиење и не се плашете да побарате помош со обврските.

5. Разговарајте отворено

Споделете ги своите емоции со партнерот, пријател, мајка, или дури и со група за поддршка. Емотивното олеснување е половина лек.

6. Ограничете ги работите кои ви прават стрес

Ако можете, избегнувајте негативни вести, токсични разговори или луѓе кои ви предизвикуваат нервоза. Сега е време да се фокусирате на себе.

 

Бременоста не е само физичка промена, таа е длабока емоционална трансформација. Промените во расположението не ве прават слаби или „нестабилни“. Тие се одраз на огромните промени низ кои поминувате. Но со вистинската поддршка, грижа и самосвест, можетте да создадете мирно внатрешно јадро кое ќе ве води низ целиот процес, с? до моментот кога ќе го запознаете своето бебе.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет