cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Природен циклус на искористување на храната

Конзумирањето на што полесна храна, односно храна на која и е потребен пократок период на разградување во организмот е од големо значење ако сакаме правилно и здраво да се храниме.

Природен циклус на искористување на храната

Преработувањето на храната во желудникот трае 1 до 5 часа, во зависност од видот на храната. Лесно сварливата храна се преработува од 1-3 часа (ориз, овошје, поголемиот дел од зеленчукот, млеко, јајца), додека за да се свари лебот, варениот компир, млечните производи, месото и рибата, потребни се од 3 до 5 часа.                                                                                                                                           

Храната која не е целосно разградена во организмот многу е потешко да се исфрли, што доведува до успорување на метаболизмот, дебелеење и создавање на токсини. Основен клуч за здрав организам и одржување на оптималната тежина всушност е редовно исфрлање и ослободување од токсичните отпадни материи. За да се постигне тоа потребно е организмот да го прилагодиме според биолошкиот процес на функционирање:                                                                                                                                                                                                       

1.внесување на храна во организмот и нејзина апсорпција-се одвива од пладне до 8 часот на вечер                                                                    

2.асимилација, односно апсорпција и искористување на хранливите материи се одвива од 8 часот на вечер до 4 часот изутрина                                                                                                                                                                                                                  3.елиминација односно исфрлање на отпадните материи од телото се одвива од 4 часот изутрина до пладне .   

 

Посебна биолошка вредност на овошјето                                                                                                                                      

Се смета дека овошјето е највредната храна која може да се внесе во организмот, затоа што содржи идеална рамнотежа не 5-те елементи што се важен фактор за правилно и здраво функционирање на организмот : 90% глукоза, 4-5% аминокиселини, 3-4% минерали, 1% масни киселини, 1% витамини. Поради тоа, за разградување на овошјето не е потребна дополнителна енергија, што значи организмот штеди енергија која се искористува за прочистување. Кога зборуваме за овошје мислиме на свежо овошје затоа што  поради својата специфична природа, вареното и преработеното овошје ги губат споменатите својства и доведуваат до киселост во организмот.                                                                                                                                                                         

Во периодот на конзумирање на храна се препорачува овошјето и соковите да се конзумираат 30 мин пред  која и да било друга храна, за да не дојде до мешање на храната во желудникот. Мешањето на овошјето со другата храна доведува до ферментација, со која се губат хранливите материи и се отежнува и успорува метаболизмот. После 10 минути од земањето на сокови може да се продолжи со свежа салата, а после тоа со правилно комбинирана храна. Неправилно комбинираната храна доведува до пореметување во процесот на асимилација и елиминација. Кога храната е правилно искомбинирана организмот може целосно да ја искористи, да ја разгради, апсорбира и да ги искористи сите хранливи материи.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет