Пријателски був
Инструкции - како да направите играчка дома

Со овој пријателски був, сигурно ќе израдувате некое болно детенце. Да почнеме
Потребни материјали:
- Мека топка
- Очи
- Ткаенина во кафеава боја за клунот и ушите
- Силиконско лепило
- Ткаенина во различни бои за лице и пердуви
Шема за лице и пердуви
Шема за очи, уши и клун
Чекор по чекор:
Залепете парче поцврста ткаенина на еден дел од топката, со што ќе овозможите топката да стои. Исечете парчиња ткаенина според прикажаната шема и почнете да ги лепите на топката со силиконско лепило, како што е прикажано на сликата.
Започнете со лепење на парчињата од долниот дел на топката, кон нагоре.
Парчињата кои ќе претставуваат уши малку залепете ги на краевите (да личат на перо). Вметнете ги ушите и прицврстете ги за ткаенината од лицето.
На крај изработете ги и ставете ги очите.
Бувот е готов. Нели е прекрасен?
Мисијата на "Прегратка на дар" |