Прекрасни мали пиленца
Инструкции - како да направите играчка дома

Играчките направени со Вашите раце се најубави, нели?
Ви предлагаме следна играчка која се изработува лесно. Нема да Ви одземе многу време и најдобро од се е што ќе биде совршен подарок за изненадување на болните дечиња. Ќе се обидеме?
Потребни материјали:
- Молив
- Ткаенина во различни бои
- Игла и конец
- Ножица
- Волница во боја
- Памук или молтотекс
Чекор по чекор:
Прво што треба да направите е да пресечете две парчиња ткаенина со големина од 30 х 30 cm. во зависност од тоа колкава птица сакате да добиете. Со молив нацртајте правилен круг на ткаенината и исечете го во форма како на сликата.
Подготвени сте? Сега можеме да почнеме со шиење на деловите со подебел конец, или парче волница. Пред да завршите со шиењето, не заборавајте да ја наполните птицата со памук или молтотекс.
За крилја и опашка ќе го искористите материјалот кој ви остана од телото на птицата. За да ги прицврстите на телото на птицата користете волница во шарена боја.
Конечно сме при крај. Од црна волница направете очи, а од портокалова ткаенина (или волница) направете го клунот на птицата.
Готово е! Ви се допаѓа? Се надеваме да.
Мисијата на "Прегратка на дар" |