Подготовки за живот со бебето
Доаѓањето на бебето сигурно ќе донесе и малку немир во вашиот живот. За доаѓањето на бебето ќе мора да се подготвите уште пред породувањето.
Пристигнувањето на бебето сигурно ќе донесе и малку немир во вашиот живот. За ова случување ќе мора да се подготвите уште пред породувањето. На заеднички живот ќе морате да се навикнете сите тројца: бебето, вие и вашиот партнер. Подгответе се што е потребно за новороденчето до крајот на 37-та недела на бременоста, а не веднаш пред предвидениот рок. Не е невообичаено бебето да се роди помеѓу 37-та и 42-та недела на бременост. Може да ве изненади пред предвидениот датум за породување, што е подобро за вас, затоа што нема да бидете нервозни. А можеби баш вие секој ден, по предвидениот термин ќе чекате кога ќе се случи настанот и ќе бидете напнати, што баш и не е пријатно.
Подгответе го станот
Подгответе го станот за вашето бебе барем првите неколку недели спие во вашата спална соба. Така ќе ви биде полесно кога ќе морате навечер да станувате и да го храните бебето. Подгответе место на кое ќе го превивате, каде што ќе имате се што ви е потребно на дофат. Можеби во почетокот ќе ви изгледа дека наеднаш во вашиот стан нема доволно простор, но кога ќе се навикнете на новиот член на семејството, ќе бидете изненадени дека просторот е повеќе од доволен.




