Зошто е тешко да се спие во бременост?
Многу трудници очекуваат дека ќе бидат постојано уморни и навистина се. Но и покрај заморот, сонот често станува плиток, прекинат и неквалитетен. Несоницата во бременоста е многу честа појава и може да се појави уште во првиот триместар.
Зошто се случува тоа?
1. Хормонални промени
Во бременоста драстично се зголемува нивото на прогестерон.
Овој хормон предизвикува поспаност преку ден, го нарушува длабокиот ноќен сон и тоа доведува до почести будења.
Телото поминува низ интензивни биолошки промени, а тоа директно влијае на циклусот на спиење.
2. Растечки стомак и непријатност
Како што напредува бременоста тешко е да се најде удобна положба, се појавуваат болки во грбот, а притисокот во карлицата се зголемува
Спиењето на грб не се препорачува во подоцнежните месеци, па најчесто се советува спиење на левата страна.
3. Често мокрење
Зголемената матка врши притисок врз мочниот меур. Ова доведува до чести ноќни станувања, особено во првиот и третиот триместар.
4. Горчини и варење
Хормоните го опуштаат сфинктерот на желудникот, што доведува до појава на киселини, печење во градите и чувство на непријатност при лежење. Ова е особено изразено навечер.
5. Анксиозност и ерупција од мисли
Многу трудници размислуваат за породувањето, здравјето на бебето, својата нова улога како мајка. Овие мисли можат да го отежнат заспивањето, дури и кога телото е уморно.
6. Грчеви и немирни нозе
Во вториот и третиот триместар состојби кои се јавуваат како грчеви во листовите, чувство на „немирни нозе“ и потреба за постојано движење, значително го прекинуваат сонот.
Како да си помогнете?
- Имајте лесна вечера и избегнувајте консумирање на тешка храна пред спиење.
- Користете перници за поддршка на стомакот и колената.
- Воведете релаксирачка рутина преку топол туш, тивка музика, читање.
- Ограничете го внесот на течности непосредно пред спиење.
- Имајте лесна физичка активност преку ден.
Дали е ова нормално?
Нарушениот сон во бременоста е чест и најчесто не е знак за проблем.
Сепак, ако имате: јака несоница, интензивна анксиозност, гласно ’рчење и прекини во дишењето, силни болки или постојан немир, добро е да се консултирате со лекар.
Иронично, бременоста често ве подготвува за ноќните будења уште пред да се роди бебето. Иако сонот може да биде нарушен, овие промени се дел од природниот процес на адаптација.
Со трпение и мали прилагодувања, ноќите можат да станат помирни.





