Овулацијата секогаш е на 14-тиот ден. Зошто ова е мит?

Една од најраспространетите заблуди поврзани со женскиот циклус е тврдењето дека овулацијата секогаш се случува на 14тиот ден.

Овулацијата секогаш е на 14-тиот ден. Зошто ова е мит?

Иако ова правило често се споменува во разговори, апликации и дури во некои совети, вистината е дека овулацијата не е иста кај сите жени ниту секој месец кај истата жена.

 

Од каде потекнува митот?

Овој мит се темели на „идеалниот“ циклус од 28 дена, каде овулацијата навистина често се случува околу средината околу 14тиот ден. Но, во реалноста, малку жени имаат совршено редовен циклус од 28 дена.

 

Циклусите се различни и тоа е нормално

Нормален менструален циклус може да трае:

  • од 21 до 35 дена кај возрасни жени,
  • од 21 до 45 дена кај адолесцентки.

Кај пократки циклуси, овулацијата може да се случи порано, на пример на 10-ти или 11-ти ден, а кај подолги подоцна на 18-ти, 20-ти или уште подоцна.

 

Овулацијата не е фиксен датум

Она што е поредовно кај повеќето жени е лутеалната фаза, периодот од овулацијата до следната менструација, кој најчесто трае околу 12 до 14 дена. Фоликуларната фаза, пред овулацијата, пак, е таа што варира и ја поместува овулацијата.

 

Што може да ја помести овулацијата?

Овулацијата може да се случи порано или подоцна поради: стрес, болест, промени во телесната тежина, патувања и промена на ритам, хормонални нарушувања и недоволен сон.

Понекогаш овулацијата може дури и да изостане во одреден циклус и тоа не мора веднаш да значи сериозен проблем.

 

Зошто ова е важно?

Погрешното верување дека овулацијата секогаш е на 14тиот ден може да доведе до:

  • погрешно планирање бременост,
  • неуспешно избегнување бременост,
  • непотребна грижа или разочарување.

 

Како попрецизно да се следи овулацијата?

Наместо слепо следење на календарот, подобро е да се користат:

  • следење на цервикалната слуз,
  • мерење базална телесна температура,
  • овулациски тестови,
  • внимание на телесни сигнали како болка во јајник, зголемено либидо.

 

Овулацијата не доаѓа по часовник. Таа не е секогаш на 14тиот ден и не е иста кај сите жени. Разбирањето на сопствениот циклус, наместо следење општи правила е клучно за репродуктивното здравје и спокојот.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет