cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Двојна метода за следење на овулација

Кога се планира бременост, најважно е точно да се одредат плодните денови.

Двојна метода за следење на овулација

Еден од најсигурните пристапи е комбинирање на овулациски тестови со набљудување на цервикалната слуз. Овој метод дава многу попрецизна слика од користење само на една техника.

 

Што е комбинираниот метод?

Комбинираниот метод вклучува користење на овулациски тестови за следење на хормонскиот сигнал и следење на промени во цервикалната слуз.

Заедно, тие помагаат попрецизно да се одреди овулацијата.


Како функционираат овулациските тестови?

Овулациските тестови ја мерат зголемената концентрација на LH хормонот (лутеинизирачки хормон).

Тие покажуваат позитивен тест односно овулацијата да се очекува во следните 24 до 36 часа.

Или пак негативен тест односно дека овулацијата сè уште не е близу.

Тие се корисни, но не секогаш доволно прецизни сами по себе.


Што ни кажува цервикалната слуз?

Цервикалната слуз се менува во текот на циклусот.

Кога слузта е сува или густа значи пониска плодност, кога таа е кремаст значи  приближување кон плодни денови, а кога е бистра и еластична како белка од јајце значи дека е најплодниот период.

Овој природен индикатор е многу корисен за следење на плодноста.


Зошто комбинацијата е најточна?

Кога се користат заедно овулацискиот тест дава хормонски сигнал додека пак слузта дава визуелен и физички показател.

Ова ја намалува можноста за грешка и помага попрецизно да се „фати“ најплодниот прозорец.


Како да го користите методот?

  1. Следете ја слузта секојдневно.
  2. Почнете со овулациски тестови неколку дена пред очекувана овулација.
  3. Кога и двата показатели укажуваат на плодни денови, тоа е најдобриот момент за обиди.


На што да внимавате?

  • Стресот може да влијае на циклусот.
  • Не секој циклус е идентичен.
  • Болести, одредени здравствени состојби или хормонални промени можат да ги променат резултатите.


Комбинирањето на овулациски тестови и набљудување на цервикалната слуз е еден од најточните природни начини за одредување на плодните денови.

Овој пристап им дава на паровите подобра контрола, поголема сигурност и поголеми шанси за успешно зачнување.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет