cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Хормони и исхрана, клучот за редовен циклус и овулација

Исхраната има директно и значајно влијание врз хормоналната рамнотежа, менструалниот циклус и овулацијата.

Хормони и исхрана, клучот за редовен циклус и овулација

Телото функционира како поврзан систем, па секоја нутритивна промена може да се одрази на репродуктивното здравје позитивно или негативно.

 

Како храната влијае на хормоните?

  • Хормоните се создаваат од нутриенти. Мастите, протеините и витамините се „градежен материјал“.
  • Стабилен шеќер во крвта. Ова влијае врз инсулинот и репродуктивните хормони, па нагли скокови може да ја нарушат овулацијата.
  • Поддршка на ендокриниот систем. Има влијание кај јајниците и мозокотот кои комуницираат преку хормонални сигнали.

 

Храна што ја поддржува овулацијата

  • Здрави масти

-        Овие масти ги има во авокадо, маслиново масло, јаткасти плодови и слично.

-        Важни се за производство на естроген и прогестерон.

  • Протеини

-        Ќе ги најдете во јајца, риба, пилешко, мешунки и друго.

-        Ти ги оддржуваат стабилни хормоналните нивоа.

  • Влакна

-        Овошје, зеленчук, интегрални житарки се богати со влакна.

-        Помагаат во елиминација на вишок хормони.

  • Микронутриенти

-        Железо, цинк, витамин D, Б-витамини.

 

Храна што може да го наруши циклусот

  • Преработена храна бидејќи е богата со шеќери и транс масти.
  • Прекумерен внес на кофеин може да влијае на стрес хормоните.
  • Алкохолот го нарушува хормоналниот баланс.

 

Тежина и овулација

  • Премалата телесна тежина може да доведе до отсуство на овулација.
  • Прекумерната тежина често е поврзана со хормонален дисбаланс (инсулин, естроген).
  • Баланс е важен бидејќи телото најдобро овулира во стабилна нутритивна состојба.

 

Инсулин и репродуктивно здравје

Инсулинот влијае на јајниците и може да дојде до инсулинска резистенција која пак може да го наруши циклусот.

Балансираната исхрана го подобрува одговорот на организмот на ваквата состојба.

 

Што значи ова во пракса?

Инајте редовни оброци богати со балансирани макронутриенти. Воведете долгорочен, стабилен начин на исхрана.

Избегнувајте екстремни диети.

 

Исхраната не е само „гориво“, туку активен регулатор на хормоните. Со правилни навики во исхраната, телото има поголеми шанси за редовен циклус, стабилна овулација и подобро репродуктивно здравје.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет