cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Основни чекори во секојдневната хигиена на бебе

Грижата за хигиената на бебето се однесува на мали ритуали што создаваат голема удобност и здраво растење и тоа е еден од најважните делови од родителството.

Основни чекори во секојдневната хигиена на бебе

Иако изгледа како сериозен предизвик, со неколку основни чекори лесно се создава дневна рутина што обезбедува здравје, удобност и чистота.

Во продолжение се најважните активности кои секој родител треба да ги следи.

 

1. Менување пелени - редовно и внимателно

Бебето треба да се пресоблекува на секои 2 до 3 часа или веднаш по извршена нужда.
Важно е:

  • да се користат влажни марамчиња или млака вода за чистење,
  • да се исуши нежно кожата,
  • да се нанесе заштитна крема за спречување иритации,
  • пелената да не биде премногу стегната.

Ова го спречува црвенилото, осипот и непријатноста.

 

2. Секојдневно миење на лицето и рацете

И без бањање, бебето треба секојдневно да се освежува. Со мека газа или памучна крпа натопена во млака вода се чистат: лицето, наборите околу вратот, рачињата и дланките, деловите зад ушите.

Овој мал ритуал спречува акумулација на пот и нечистотии.

 

3. Бањање неколку пати неделно

За новороденчињата најчесто доволни се 2 до 3 бањања неделно, додека поголемите бебиња може да се бањаат и секој ден.
Совети:

  • користете блага, хипоалергена бебешка козметика,
  • проверете ја температурата на водата, да биде околу 37°C,
  • никогаш не го оставајте бебето само во када.

Бањањето е и момент за релаксација и поврзување со родителот.

 

4. Чистење на очи, нос и уши

Овие деликатни делови бараат посебна нежност.

Очите се чистат со стерилна газа натопена со вода и тоа секое око со нова газа.
За носот по потреба се користи физиолошки раствор и бебешко аспираторче.
Кај ушите се чисти само надворешниот дел. Никогаш внатрешно со стапчиња.

 

5. Грижа за папочната рана додека не отпадне

Папочната рана мора да биде чиста и сува.
Обично се: чисти со стерилна газа, се избегнува покривање со пелена и се остава да се проветрува.

Целта е да се спречат инфекции и да зарасне природно.

 

6. Миење и четкање коса

Дури и ако бебето има малку косичка, нежното четкање ја подобрува циркулацијата на скалпот и спречува појава на темни делови на кожата, а истовремено го релаксира бебето.

Косата се мие со бебешки шампон 1 до 2 пати неделно.

 

7. Носење чиста и удобна облека

Облеката треба да биде: памучна инежна на допир. Исто така треба редовно да се менува а нејзината хигиена и чистота да се обезбедува со перење со бебешки детергент.

Чистата облека ја спречува иритиранaта кожа.

 

8. Одржување на ноктите

Бебешките нокти растат брзо и можат да го изгребат лицето.
Се кратат со специјални бебешки ножички или турпија, најдобро додека бебето спие.

 

Секојдневната хигиена не е само рутина туку е дел од љубовта и грижата што му обезбедува на бебето да има најповолно опкружување за раст и развој. Со нежност, внимание и правилни навики, овие мали ритуали стануваат моменти на поврзување и доверба.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет