Ориз против долготраен пролив
Оризот е извонредно хранлив (360 калории во 100 грама). Сиромашен е со масти, но богат со скроб, па затоа е лесно сварлив.

Поради својот биолошки состав, оризот не е само храна, туку и лек.
Уште во старата кинеска медицина, оризот играл важна улога. Неговите лековити својства ги признала и научната медицина: оризовата вода како природно средство против пролив и воспаление на цревата, а оризовото брашно како идеална храна за доенчињата и децата.
Рецепт против пролив
Мешавина од 3 супени лажици оризово брашно (од интегрален ориз) и исто толку сомлен јачмен се прелива со еден литар зоврена вода. Поклопениот сад се остава да стои 2 часа. Кога ќе се олади, се додава сок од дренки или дуња. Оваа каша се јаде 3 пати дневно пред јадење.
Рецепт против воспаление на дебелото црево
Се ставаат 4 лажици оризово брашно, 2 големи лажици ориз, 2 големи лажици коприва и боровинки. Оваа смеса се прелива со литар зовриена вода и после 2 часа се процедува. Течноста се пие засладена со мед од хељда.
Извор: www.rak.mk