cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Без аптека – нема патување. Зошто малата патна аптека е најдобриот сопатник?

Патувањето е возбудливо се посетуваат нови места, побуваме нови вкусови, се впуштаме во авантури. Но она што често го забораваме додека ги пакуваме куферите е токму она што може најмногу да ни затреба: патната аптека.

Без аптека – нема патување

Без разлика дали патувате на море, во планина, со авион или со автомобил, малата патна аптека е дел од секој куфер. Не затоа што очекуваме болест, туку затоа што сакаме и заслужуваме безгрижно патување.

 

Што треба да содржи една добра патна аптека?

Еве основна листа која може да се прилагоди според вашата дестинација и лични потреби:

За секојдневни ситуации:

  • Парацетамол или ибупрофен, за болки или температура
  • Средства против алергија (антихистаминици)
  • Средство за дигестивни проблеми, пробиотици, антидијаретик
  • Препишани од лекар терапевтски лекови (ако пиете нешто на рецепт)
  • Капки за очи (за заштита од прашина, алергии, солена вода)

 

За повреди:

  • Фластери и стерилни гази
  • Антисептик или алкохолни марамчиња
  • Еластичен завој
  • Мали ножички и пинцета
  • Гел против изгореници или убоди од инсекти

 

За посебни услови:

  • Крем со заштитен фактор (SPF)
  • Средство против комарци
  • Хидратантна крема или маст за испукана кожа
  • Термометар
  • Лекови за мачнина при патување

 

Патната аптека припремете ја според дестинацијата

  • Ако патување на море не заборавајте спреј за изгореници, средство против убоди и средство за дехидратација (електролити).
  • Ако посетувате планина понесете крем за измрзнатини, фластери за плускавци, лек против воспаление на грло.
  • Ако сте решиле да посетите некоја егзотична земја земете антибиотици по совет од лекар, средство за пречистување вода, дополнителни средства за стомачни проблеми.

 

Аптека кога патувате со авион или автобус? Овие правила мора да ги знаете:

  • Таблетите и кремите до 100 мл може да ги носите во рачен багаж. Ова се однесува на патување со авион.
  • Течни лекови со рецепт се дозволени, но понесете и копија од рецептот или потврда од лекар.
  • Ако патувате со деца, секогаш понесете и детска верзија на основните лекови.

 

Патната аптека ни дава и психолошка сигурност

Иако често ја користиме малку или воопшто не, патната аптека дава чувство на контрола и подготвеност. Таа е основниот знак дека си се грижел/а за себе и за другите , без разлика дали патуваш со семејство, пријатели или сам/а.

 

Подготвен значи слободен

Патната аптека не треба да биде голема, ниту комплицирана. Но треба да биде составен дел од секој куфер, без исклучок. Таа не ја носите затоа што сте песимист или секогаш мислите на најлошото, туку затоа што сте одговорен патник кој знае дека и најмал проблем може да го расипе најубавиот ден, ако немате решение при рака.

Совет: Проверете ги роковите на лековите пред патување. И секогаш ја носете аптеката во рачниот багаж, не во куфер што се чекира.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет