Одвојување на плацентата: Што треба да знаете за еден од најкритичните моменти во бременоста?

Одвојувањето на плацентата, познато и како плацентарна абрупција, е состојба која бара итна медицинска интервенција и може да претставува сериозна опасност за животот на мајката и бебето.

Одвојување на плацентата

Иако ова е релативно ретка појава, знаењето за неа и препознавањето на симптомите може да направи голема разлика.

 

Што е одвојување на плацентата?

Плацентата е орган што ги поврзува мајката и плодот, обезбедувајќи хранливи материи и кислород преку пупачето. Одвојување на плацентата значи дека таа делумно или целосно се одлепува од ѕидот на матката пред породувањето, што доведува до крварење и прекин на снабдувањето со кислород и хранливи материи за бебето.

 

Кои се причините за одвојување на плацентата?

Точните причини не се секогаш јасни, но постојат фактори кои го зголемуваат ризикот:

  • Хипертензија (висок крвен притисок)
  • Трауми на стомакот (удар или пад)
  • Пушење и злоупотреба на дрога
  • Претходно одвојување на плацентата
  • Предвремено раѓање
  • Прекумерна амниотска течност (поли хидрамнион)
  • Повеќеплодна бременост

 

Какви се симптомите?

  • Силно крвавење од вагината
  • Болка во стомакот или грбот (често силна и постојана)
  • Тврда, напната матка која не се релаксира
  • Брз пулс и низок крвен притисок кај мајката
  • Знаци на стрес кај плодот (поради намален кислород)

 

Како се дијагностицира и лекува?

  • Дијагнозата се постигнува со клинчки преглед, ултразвук и следење на виталните функции на мајката и бебето. Ултразвукот може и да не го покаже одвојувањето, затоа симптомите и прегледот се клучни.
  • Лекувањето опфаќа итна хоспитализација и во многу случаи предвремено породување со царски рез. Во полесни случаи, строго мирување и контрола може да бидат доволни.

 

Превенција и советувања

  • Редовни прегледи кај гинекологот и контрола на крвниот притисок
  • Избегнување на пушење и алкохол
  • Внимавање на безбедноста, избегнување на повреди на стомакот
  • Навремено известување на лекар при појава на болка или крварење

 

Одвојувањето на плацентата е сериозна состојба која бара итна реакција. Најважно е да се препознаат раните знаци и да се побара медицинска помош без одлагање. Со правилна грижа и стручна интервенција, шансите за безбедно мајчинство и раѓање на здраво бебе значително се зголемуваат.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет