Нема замена за вода!

Во една работа можат да се согласат медицината и алтернативната медицина, кога станува збор за исхраната, а тоа е дека: водата е неопходна за човечкиот организам и тоа во количина од 2 литри на ден.

Нема замена за вода!

Точно 2 литри вода се излачува дневно од организмот на човекот.                                                                                                        

Можеби некој размислува на следниов начин: ако испие пола литар кока кола, пиво, овошен сок или изеде супа, на тој начин ќе ги надокнади тие 2 литри изгубена вода. Денеска е вообичаено на таков начин да се гаси жедта. Изгледа како поголемиот дел од луѓето да гледаат со презир и подценување кон обичната вода. Меѓутоа кафето, алкохолот, соковите како диуретици: не само што не можат да ја надокнадат потрошената количина на течност од организмот, туку напротив,  го присилуваат организмот да исфрла уште повеќе вода. На организмот му е потребна чиста вода, универзален растворувач, за да може да ги изврши сите биохемиски и метаболички процеси.                                                                                                                                          

Водата во организмот не е само материја која го пополнува празниот простор (составот на нашето тело е70% вода) напротив, таа е важен фактор во сите метаболички процеси.                                                                                   

Ќе се запрашате: како може во денешно време некој да се доведе до состојба на дехидратација, кога тече вода од секоја славина што ке ја пуштиме? Дел од одговорот на ова прашање веќе го наведовме на почетокот: рекламите и погрешниот пристап кон храната ги насочуваат луѓето својата жед да ја гасат со алкохолни пијалоци, кафе, сокови - течности со кои не може да се изгасне жедта. Секако, не е тешко да се претпостави дека за тоа во голема мера се заслужни и комерцијалните причинители. Како последица од наметнување на овие навики, современиот човек постепено го губи чувството за жед, односно не забележува дека пополека, но постојано дехидрира.  Или во најлоша крајност чувството за жед го заменува со храна, наместо да се напие чаша вода.Тоа е секако еден од најголемите причинители за дебелеење. Да се послужам со зборовите на еден познат доктор кој вели : “Ние вас не ви продаваме вода, затоа нема потреба да ја рекламираме”.

Пијте 2 литри вода на ден минимум,  тоа  е здрава препорака од сите авторитети во медицината.                                                                                                                                                                                                          

Со водата се врши целосна детоксикација на телото, значи се чисти телото од сите отрови насобрани во нашиот организам, се подобрува  циркулацијата, се подобрува влажноста на кожата, таа е поеластична, посвежа, со што се намалува и веројатноста за создавање на брчки.                                                                                                                              

И на крај, знаете ли колку човекот може да издржи без  храна? До 15 дена, а колку време може да издржи без вода? Три или четири дена. Ако има среќа може само уште некој ден  плус.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет