cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Нега на осетливата бебешка кожа по појава на осип. Kако нежно да ја третирате?

Кожата на бебињата е тенка, чувствителна и далеку помалку отпорна од кожата на возрасните. Затоа иритациите, црвенилото и осипот се појавуваат многу брзо, особено во областа на пелените.

Нега на осетливата бебешка кожа по појава на осип

Иако најчесто станува збор за минлив проблем, нежната нега по појавата на на овие состојби е клучна за кожата да закрепне побрзо и да се спречи повторно појавување.

 

1. Често менување на пелените е наједноставниот чекор за смирување на кожата

По појава на осипот, влажноста е најголемиот непријател.
Затоа е важно пелената да се менува почесто од вообичаено со цел кожата да не останува влажна подолго време. Исто така треба да се да се избегнува подолго носење на мокра пелена ноќе ако е можно.

Со сув простор, кожата добива шанса да „дише“ и да почне да се обновува.

 

2. Нежно чистење со вода без триење и употреба агресивни производи

Кога кожата е веќе иритирана, потребно е екстра внимателно чистење. Најдобра опција е млака вода со користење на мек памучен материјал. По миењето кожата бришете ја со тапкање, а не со триење. Избегнувајте производи со алкохол, силна парфимираност или груби состојки.

Колку помалку хемија толку подобро за заздравување.

 

3. „Воздушни бањи“ како природен лек што навистина помага

Оставете го бебето без пелена неколку пати во текот на денот, 5 до 10 минути или повеќе ако дозволуваат условите.
Свежиот воздух: ја суши влажноста, ја намалува иритацијата, ја зајакнува природната бариера на кожата.

Ова е една од наједноставните, а најкорисни навики при појава на осип.

 

4. Нанесување заштитна бариерна крема како штит, а не како лек

По осипот, кожата е чувствителна и и треба заштита од понатамошно надразнување. Затоа бариерните креми создаваат слој што ја штити од влага и триење.
Најважно е да се користи крема која: има нежна формула, која е соодветна за бебиња и не содржи агресивни ароми и бои.

Бариерната крема не го лечи осипот, но му дава време кожата сама да се регенерира.

 

5. Користете благи детски производи

По појава на иритација, преминувајте на: благи, непарфимирани влажни марамчиња или по можност само вода, сапуни и гелови без силна пенливост, пелени кои ја задржуваат влагата подалеку од кожата.

Целта е да не се додава ништо што може дополнително да ја иритира кожата.

 

6. Следете како кожата реагира бидејќи секое бебе е различно

Осетливата кожа има свои начини да „говори“: дали реагира добро на воздух, дали пелената што ја користите му пречи, дали одреден производ ја влошува состојбата.

Понекогаш малата промена може да направи голема разлика.

 

Кога да побарате совет од педијатар?

Ако црвенилото станува поинтензивно, се шири, ако кожата изгледа многу иритирана или ако бебето е видливо вознемирено, најдобро е да се побара стручно мислење.
Педијатарот може да процени што е најсоодветно за конкретниот случај и да даде професионална насока.

 

Негата на чувствителната бебешка кожа по појава на осип бара трпение, нежност и доследност. Најважно е да се задржи кожата чиста, сува и заштитена, без непотребни производи. Со малку внимание и неколку едноставни чекори, кожата брзо се обновува и повторно станува мека и здрава, токму онаква каква што ја замислуваме кај бебињата.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет