Не заборавајте на себе: Моќта на малите навики за големиот предизвик на родителството

Во светот на пелени, ноќни будења и претпородилни возбудувања, грижата за себе често паѓа на дното на листата на приоритети. Но токму тогаш, кога животот се менува од корен таа е најпотребна.

Не заборавајте на себе

Грижата за себе не е луксуз, туку суштинска за поддршка за менталното, физичкото и емоционалното здравје на родителите.

1. Подобро психичко здравје

Идните и новите родители минуваат низ лавина од емоции: страв, возбуда, несигурност. Кратки моменти за себе, без вина, можат да бидат заштитен штит од анксиозност и постпородилна депресија. Дали тоа е тивко кафе наутро, прошетка без мобилен или медитација од пет минути, мали практики и навики имаат големо влијание.

2. Подобра врска со партнерот

Да се грижите за себе не значи дистанцирање, туку полнење на сопствените емоционални батерии за да може вистински да се поврземе со другите. Кога секој родител има простор за лична регенерација, има повеќе разбирање и трпение за партнерот.

3. Поголема енергија и отпорност

Бременоста и раното родителство се физички и психички исцрпувачки. Дневните активности, константните размислувања, брзаниците да се заврши се навреме бараат и здрави навики. Редовниот сон (каде што е можно), урамнотежена исхрана и умерена физичка активност, се видови на самогрижа што директно влијаат врз нивото на енергија. Тоа е особено важно кога треба да бидете будни ноќе или да носите бебе со часови.

4. Модел за детето од најрана возраст

Децата учат од нашите постапки, не само од зборовите. Кога ќе пораснат во средина каде што се негува здрав баланс помеѓу грижа за другите и грижа за себе, тие учат дека и нивното ментално здравје е важно. Тоа е вредност што се носи цел живот.

5. Намалување на чувството на вина

Многу родители се чувствуваат виновни кога бараат време за себе, и кога еднаш ќе го добијат од грижа на совест не си даваат време себе си.  Но грижата за себе не значи дека ги занемарувате другите, туку дека се грижите и за сопствената способност да бидете присутен за другите, за вашите деца, стабилен и исполнет родител. Со прифаќање на оваа вистина, вината попушта, а на нејзино место доаѓа свесност за потребата од самогрижа и самопочит.

 

Грижата за себе не мора да изгледа совршено

Не е неопходно да одите на спа или на викенд без деца за да се грижите за себе. Понекогаш е доволно да застанете со сите активности, да  го ставите телефонот на безгласен режим и да дишете длабоко неколку минути. Самогрижата е лична, интимна и неопходна, не само за вас, туку и за добробитот на вашето семејство.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет