Навики за здрава исхрана кај децата

Бебињата до својот четврти месец го совладуваат само рефлексот на цицање, а веќе по 5 – от месец почнуваат да учат како се џвака и голта. Затоа не се препорачува да се дава цврста храна на детето пред оваа возраст.

Навики за здрава исхрана кај децата

Кога ќе решите да почнете со дохрана на своето дете, правило е нова храна да му дадете кога ќе биде малку нахрането, бидејќи доколку е гладно може да нема желба да проба нов вкус. Не употребувајте метална лажичка, туку тенка, пластична, бидејќи е потопла и повеќе ќе ја прифати вашето дете. Доколку се случи на почетокот да одбие некој вкус, немојте потоа да да му нудите само нови вкусови. По некое време обидете се со истата кашичка. Секогаш кога ќе лапне пофалете го, зошто по интонацијата на гласот децата чувствуваат задоволство кај родителите и тоа им годи, иако се бебиња. Дури и оние родители кои имаат деца со алергија, нема потреба да се грижат, бидејќи на пазарот во денешно време постои храна со помалку алергени и наменета токму за деца како нивните.

Мора да знаете дека децата за да прифатат одредена намирница треба да ја пробаат минимум 10 – 15 пати. Секогаш храната сервирајте им ја во невообичаена чинија или пак декорирајќи им ја на интересен начин. На пазарот има најразлични прибори за хранење на децата. Било кое јадење може да не му се допадне и да го плука, како на пример: брокула или блитва, но сепак не исфрлајте го од исхраната. Бидете упорни и не отстапувајте од нудењето на таа храна, но направете пауза од неколку дена.

Доколку сакате вашето дете да го научите да јаде здрава храна, мора и вие да се храните здраво, односно да му бидете пример. Доколку на детето само му зборувате за здрава храна, а самите не ја јадете, тогаш тоа ќе изгуби желба да јаде таква храна. Бидејќи децата сакаат да ги имитираат возрасните и ги следат нивните примери, треба вие да се храните здраво и преку пример да им ја наметнете навиката за здрава исхрана. Ако вие јадете многу овошје, зеленчук, подготвувате и конзумирате супи, тогаш и вашето дете ќе ги јаде.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет