Можна причина за чести спонтани абортуси

Синдром на Хјуз - Што претставува?

Можна причина за чести спонтани абортуси

 

Кога сакате да забремените, една од  најнепријатните работи кои можат да ви се случат е спонтаниот абортус. Уште полошо е кога ќе се случат неколку последователни неуспешни обиди за зачнување. Што може да ги предизвикува?

Дури и еден спонтан абортус е премногу за психата на жената која сака да биде мајка.

Една од причините да се случуваат серии од многу спонтани абортуси може да е синдромот на Хјуз. Според истражувањата, на секој 1 од 5 абортуси  
се испоставува дека причината е  овој синдром. 50% од жените кои претрпеле повеќе од еден абортус, страдале од синдром на Хјуз.


Што претставува синдромот на Хјуз?

Тој е откриен во 1983 година од професор Греам Хјуз, шеф на Центарот за истражување во Лондон. Тој сметал дека секоја жена која претрпела бројни абортуси, треба да минува низ серија на истражувања со цел спречување на последователни инциденти.

Денес овој синдром лесно се дијагностицира по крвен пат и може да биде медикаментозно третиран.

Професор Хјуз препорачува исто така секоја жена која претрпела дури еден абортус да се истражува, за да е сигурна дека нема да има уште проблеми со задржување на плодот за во иднина.

Каков е третманот?

Третманот е релативно едноставен. Со помош на антикоагулан, на пример аспирин во ниски дози, да се одржи густината на крвта во нормални граници, под лекарски надзор.

Синдромот на Хјуз предизвикува задебелување на крвта и предуслов за формирање на згрутчувања. Ако сте бремени, "лепливата крв" нема да е во можност да помине слободно низ крвните садови, за да ја напојува плацентата и тоа ќе предизвика спонтан абортус.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет