cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Модата во девет месеци - удобно, убаво и свое

Бременоста носи многу физички промени, но тоа не значи дека стилот и удобноста треба да бидат занемарени.

Модата во девет месеци - удобно, убаво и свое

Бременост е период кога телото се менува, а со него може да се промени и односот кон модата. Да се чувствуваш убава за време на бременост не значи да ги следиш трендовите, туку да најдеш облека што ќе ти даде удобност, самодоверба и чувство дека си ти.

 

Телото се менува, но тоа не е нешто што треба да се крие

Стомакот што расте, полните гради и меките линии не се недостатоци, туку знаци на живот. Наместо облека што стега или крие делови од телото, избери парчиња што ја следат формата на телото и го истакнуваат она што веќе е убаво.

Користи прилагодени кроеви од еластични материјали и природни ткаенини што му овозможуваат на телото да дише. Комфортот и убавината можат да одат заедно.

 

Основни парчиња што секоја трудница треба да ги има

Не ти треба огромен гардеробер туку паметно избрани парчиња како:

  • еластични фустани што се прилагодуваат со стомакот,
  • панталони или хеланки со висок, мек појас,
  • удобни маици и кошули со А-крој,
  • сако или кардиган за слоевитост,
  • удобни, стабилни чевли.

Со неколку добри основи можеш да создадеш многу комбинации.

 

Боите и дезените како сојузници

Бременоста е одличен момент да експериментираш со светли тонови, цветни дезени или вертикални линии за визуелна рамнотежа. Избери бои што ти го подобруваат расположението. Таквите секогаш изгледаат убаво.

 

Додатоци што прават разлика

Кога облеката е едноставна, деталите како: накит, шал, чанта или интересни очила ја кажуваат својата приказна.

Со еден моден додаток можеш целосно да го промениш изгледот без да се жртвува удобноста.

 

Облеката влијае на самодовербата

Кога си облечена удобно и убавоистовремено: се движиш послободно, се чувствуваш посигурно и ја прифаќаш промената со повеќе љубов

 

Што да избегнуваш?

-        Тесна облека што го притиска телото.

-        Облека од синтетички материјали.

-        Носење чевли со високи потпетици

-        Облека во која не се чувствуваш удобно.

Ако нешто ти создава непријатност не е вистинскиот избор, без разлика колку е модерно.

 

Убавината не е големината туку ставот

Бременоста не те прави помалку убава. Таа те прави поинаква. Облеката е алатка што треба да ти помогне да го почувствуваш тоа, а не да те ограничи.

 

Модата за трудници не е за криење, туку за прифаќање. Кога се чувствуваш добро во своето тело, тоа се гледа. Избери облека што ќе те поддржи и физички и емоционално.

Ти не си „само трудница“. Ти си жена што создава живот и тоа е најубавиот стил.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет