Менструална хигиена: влошки, тампони, менструални чашки

Менструацијата е природен дел од животот на секоја жена, но начинот на кој се грижиме за хигиената во тие денови игра голема улога во здравјето, удобноста и самодовербата.

Менструална хигиена: влошки, тампони, менструални чашки

Денес, изборот е поголем од кога било. Постојат влошки, тампони и менструални чашки, секој со свои предности и недостатоци.

 

Влошки

Најчесто користено решение, особено кај тинејџерки и жени кои не сакаат внатрешни средства. Предностите се: фактот дека се лесни за употреба, погодни за ноќна заштита и достапни насекаде. Недостатоци се тоа што можат да создадат чувство на непријатност при движење и со нив постои поголема веројатност за појава на непријатен мирис ако не се менуваат редовно

 

Тампони

Поставуваат заштита одвнатре, што им овозможува поголема слобода при движење и активности. Предностите се: идеални се за спортски активности и пливање, дискретни под облеката. Недостатоците се: што е потребна почеста промена (на секои 4–6 часа) и носат мал ризик од синдром на токсичен шок ако се користат неправилно.

 

Менструални чашки

Силиконски или гумени чашки што се поставуваат во вагината и ја собираат менструалната крв. Предностите се: економичност (траат со години), еколошки без отпад и можат да се носат до 12 часа. Недостатоците се тоа што треба да се стекне пракса за правилно поставување и не секоја жена се чувствува удобно со нив.

 

Совети за здрава менструална хигиена:

  • Менувај го средството за заштита редовно, без разлика на видот
  • Измиј ги рацете пред и по промена
  • Носи памучна долна облека за подобра вентилација
  • Одбери решение што одговара на твојот стил на живот и чувствителност

 


Нема универзален одговор кое средство е најдобро. Важно е да го најдеш она што ти одговара и да ја одржуваш хигиената правилно. Твоето тело заслужува грижа и внимание, особено во тие неколку дена од месецот.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет