Масти и видови на масти

На етикетите на многу производи ќе прочитате дека се со “малку масти” или се “без масти”. Диетите со мала количина на масти им се препорачуваат на луѓе кои сакаат да ослабат, но и на останатите како правилен начин на исхрана.

Масти и видови на масти

Стручњаците за исхрана укажуваат на тоа дека  мастите се здрави за исхрана, бидејќи го прават човекот да се чувствува сит и да не консумира многу храна. Тоа не значи дека храната со масти е здрава за Вас, но некои видови на масти се подобри од другите. Потребни ни се поради есенцијалните масни киселини. Ќе ви преставам три различни групи на масти.

Незаситени масти (корисни масти): се наоѓаат во растителната храна и во рибата.Тие се добри за Вашето здравје и Вашето срце. Најквалитетните незаситени масти се наоѓаат во маслиновото масло, туната и лососот, сончогледот (омега 3 и омега 6 масни киселини или уште наречени есенцијални ).

Заситени масти: ги има во месото и другите производи од животинско потекло, како путер,сирење, млеко, освен она што  е со мала масленост. Заситени масти исто има во палмовото и кокосовото масло, кои често се користат за пецива.  Исхраната богата со заситени масти може да доведе до зголемување на нивото на холестерол и до различни срцеви заболувања. Затоа нивната застапеност во исхраната мора да биде ограничена.

Транс масти (лоши масти): овие масти се наоѓаат во маргаринот, посебно тврдиот. Транс мастите се наоѓаат во храната која ја купувате во продавници и ресторани, како што е брзата храна, пецива и пржена храна. Кога на декларацијата на многу производи ќе прочитате “хидрогенизирани” или “делумно хидрогенизирани”масти, тоа значи дека таа храна содржи транс масти.  Како и заситените масти така и транс мастите го зголемуваат нивото на холестерол и се потенцијал за многу срцеви заболувања.

Зошто ни се потребни мастите: мастите во исхраната помагаат за равојот на секој човек. Мастите го снабдуваат  организмот со гориво и помагаат во апсорпција на некои витамини. Тие се исто така градбена материја за некои хормони и го обложуваат нервното  ткиво.                                                                                                                                  

Значи да заклучиме: мастите не се непријател на човекот, но мора да се конзумираат  во  правилна количина, и да се одбираат правилните масти.  Ако поголемиот дел на масти во вашата исхрана се мастите од посно месо, риба и масла кои се здрави за срцето , големи се шансите да останите здрави и витки.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет