Македонска мобилна апликација за следење на месечен циклус – Caffetin Menstrual
Ви ја претставуваме македонската мобилна апликација за следење на месечен циклус – Caffetin Menstrual

Заради потсетување на сите припаднички на понежниот пол на овој препарат, а и поради следење на напредната технологија и постоењето на на паметни телефони, Алкалоид изработи апликација за следење на менструалниот и овулаторен циклус, наречена Caffetin Menstrual.
Македонската апликација е изработена од Алкалоид Скопје и е наменета за сите девојки, жени, мајки, кои користат смартфон со Android или iOS платформа. Преку неа можете да водите сопствена евиденција за циклусот и едноставно да се подготвите за за него.
Тоа е апликација наменета за женскиот дел од корисниците на смартфони (smartphoneѕ) со систем Android и IOS. Истата треба да послужи како олеснување за третирањето на својот месечен циклус. Секогаш и секаде со Вас, преку Вашиот смартфон.
Таа, пред се, е помошно средство за следење на менструалниот период на жената и служи за водење на сопствена евиденција. Овозможено е користење календар за визуализација на којшто може да се обележат сите нешта поврзани со циклусот и со овулацијата на жената, како симптоми, расположение, забелешки, користење таблети за намалување (неутрализирање) на болката и сл. Освен календарот, можно е и водење дневник за менструација, плодност и за овулација, како и водење месечна и неделна статистика и правење споредби. Апликацијата може лесно да се сподели на социјалните мрежи како и да се врши рангирање на GooglePlay и App Store. Во оваа верзија нема можност за синхронизирање со Google account и за чување на податоците таму, туку таа работи само локално на уредот на којшто е инсталирана.