Лекциите на животот доаѓаат тивко
Животот нe учи на лекции кога најмалку очекуваме.
Тие не доаѓаат секогаш во големи настани или пресвртни моменти, туку често се кријат во мали, секојдневни ситуации. Еден разговор, една тишина, едно разочарување или една искрена насмевка може да нè потсети на вредностите што навистина значат.
Како некој што верува во себе, верува и во својата сила да ги надмине сите препреки кои ненадејно доаѓаат и да ги прегрне со восхит сите убави моменти и благослови .
Животните лекции не секогаш се лесни, но секоја од нив носи ново разбирање. Токму преку предизвиците човек учи да биде посилен, пострплив и посвесен за тоа што има околу себе. Понекогаш треба да поминеме низ тешки моменти за да ја препознаеме вистинската вредност на мирот, поддршката и љубовта.
Во тие моменти стануваме посвесни дека секој ден е можност за нов почеток. Малите чекори, добрите мисли и искрените намери имаат сила да го променат начинот на кој го гледаме светот.
Кога ќе научиме да ги прифаќаме лекциите што животот ни ги носи, почнуваме да растеме не само како личности, туку и како луѓе кои знаат да ценат, да разберат и да бидат благодарни.
Затоа, секоја неочекувана лекција може да се претвори во новамудрост. А токму во тие моменти, кога мислиме дека ништо посебно не се случува, животот тивко нè учи на најважните работи.
Денес избирете да бидете благодарни за животните лекции, дури и за оние што доаѓаат тивко и понекогаш нè предизвикуваат. Бидете благодарни за луѓето што нè инспирираат, за можностите што нè учат и за зборовите што нè поврзуваат.
Нека оваа порака биде потсетник дека добрината, благодарноста и верата во подобро утре секогаш имаат место меѓу редовите.
Афирмација за денес: Од секое искуство растам, учам и станувам посигурен/посигурна.
Ваша Рингераја.





