cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Крај за пелените – како и кога детето е спремно да го направи големиот чекор?

Преодот од пелени кон користење на тоалет е голем чекор во развојот на секое дете и голема радост за родителите.

Крај за пелените

Но, кога е вистинското време за да кажете „крај“ на пелените и како да го направите процесот полесен и забавен? Ова прашање ги мачи многу семејства, а одговорот не е секогаш едноставен.

 

Кога детето е спремно?

Секое дете е уникатно, но постојат неколку знаци кои покажуваат дека е подготвено за овој голем чекор:

  • Физичка зрелост. Детето може да остане суво неколку часа или да се разбуди суво по спиење.
  • Интерес за тоалетот. Пројавува љубопитност кон тоа што правиме во тоалетот и сака да учествува.
  • Разбирање и комуникација. Може да каже или на некој начин да покаже кога има потреба.
  • Самостојност. Може да ја држи пелената или да ја симне, како и да седи само на нокшир.

Обично ова се случува помеѓу 18 и 36 месеци, но важно е да го почитувате ритамот на вашето дете без притисок.

 

Како да помогнете да заврши периодот со пелени?

  • Купете интересен никшир или седиште за тоалет. Изберете модел со омилен цртан лик или боја.
  • Правете го навикнувањето забавно. Играјте игри, пеејте песни и давајте мали награди за секој успешен обид.
  • Поставете рутина. Водете го детето редовно во тоалет, на пример по јадење или пред спиење.
  • Бидете трпеливи и поддржувачки настроени. Секој пад е дел од учењето, затоа фалете го секој успех и не реагирајте негативно на неуспехот.
  • Пример од возрасните. Дозволете му да ве гледа и учи од вас или од повозрасните братчиња и сестрички.

 

Што да направите ако процесот се одолговлекува?

Не грижете се премногу. На некои деца едноставно им треба повеќе време. Ако детето покажува отпор или стрес, направете пауза од неколку недели и обидете се повторно. Ако проблемите продолжат и детето е постаро од 3 години, а сеуште не е одвикнато од пелени, консултирајте се со педијатар.

 

Крајот на пелените е почеток на нова фаза полна со самостојност и гордост за детето и родителите. Со љубов, трпение и позитивен пристап, овој преод може да биде лесен и забавен за сите.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет