Косата и морската вода: Природен третман или ризик за оштетување?
Летото е време кога косата добива нова улога, да изгледа природно, разлетано, со допир на сонце и сол. Многумина обожаваат како изгледа косата по капење во море, малку брановидна, малку побујна, со природен изглед.

Но што всушност и прави морската вода на косата? Дали е тоа природен третман или прикриен непријател?
Што содржи морската вода?
Морската вода е богата со:
- Сол (натриум хлорид), кој дехидрира, но и има антибактериско дејство.
- Минерали (магнезиум, калиум, калциум), кои можат да бидат корисни за скалпот.
- Микроелементи и алги, кои во мали количини можат да имаат благотворно дејство.
Иако звучи здраво, проблемот е во концентрацијата и честотата на изложеност.
Како влијае морската вода на косата?
Позитивни ефекти:
- Природна текстура и волумен, косата станува побујна и помалку масна.
- Пилинг на скалпот, солта нежно ги отстранува мртвите клетки.
- Помалку првут, благодарение на антибактериското дејство на солта.
Негативни ефекти:
- Дехидратација на влакното, солта извлекува влага од косата, правејќи ја кршлива.
- Избледување на бојата, особено кај фарбана коса.
- Раздвојување на врвовите, ако косата не се мие по капење, се зголемува ризикот од оштетување.
- Распукани краеви и заплеткана коса, солта ја груби структурата и ја прави потешка за расчешлување.
Како да ја заштитите косата на море?
- Навлажнете ја пред влегување во море.
Влакното е како сунѓер, ако веќе е навлажнето со чиста вода, ќе впие помалку сол. - Користете масла или балсам кој не се измива.
Природните масла како кокосово или арганово создаваат заштитен слој. - Измијте ја косата веднаш по капење.
Дури и само со вода, за да се отстрани солта. - Не чешлајте ја кога е целосно мокра.
Наместо тоа, користете широк чешел додека е влажна, не мокра. - Носете капа или марама.
Посебно во најжешките часови бидејќи УВ-зраците ја оштетуваат кутикулата на влакното.
Направете домашна спреј маска за после плажа:
- 1 шолја вода
- 1 лажица јаболков оцет
- 1 лажица кокосово масло
- 3 капки етерично масло од лаванда (по избор)
Измешајте и прскајте ја косата после капење во морска вода. Тоа помага да се неутрализира солта и ја омекнува текстурата.
Морската вода може да даде волумен, природен изглед и чувство на леснотија. Но ако сакате да ви остане косата полна со живот по одморот, решението е во негата. Солта нека ја заврши својата работа, а вие почнете со хидратацијата на косата.