Користење тестови за утврдување овулација. Како да ви помогнат?

Сe повеќе жени се одлучуваат да користат тестови за утврдување на овулација или затоа што активно се обидуваат да забременат или затоа што сакаат подобро да го разберат својот циклус.

Користење тестови за утврдување овулација

Овие мали лентички можат да дадат голема информација, но само ако знаеме правилно да ги користиме.

Ова е практичен водич за тоа што точно прават овулациските тестови, кога да ги користите и како да ги читате резултатите.


Што е овулациски тест?

Овулацискиот тест ја мери концентрацијата на лутеинизирачкиот хормон (LH) во урината. Овој хормон нагло расте 24 до 36 часа пред овулацијата.
Кога тестот ќе го „фати“ тој скок тоа значи дека плодните денови се тука.


Кога да почнете да ги користите тестовите?

Зависи од должината на вашиот циклус.

  • Ако имате 28 дневен циклус, почнете околу ден 10-11.
  • Ако имате подолг циклус. на пример 32 дена, почнете околу ден 13-14.
  • Ако циклусот ви варира, најдобро е да ги користите тестовите неколку месеци додека не научите кога се движи вашиот LH.

Тестовите најчесто се прават еднаш дневно, во исто време, најдобро попладне или навечер (LH се покачува во текот на денот).


Како да го користите тестот правилно?

  1. Соберете урина во чист сад или директно натопете го тестот.
  2. Потопете го во урината до означената линија, најчесто 5 до 10 секунди.
  3. Почекајте 3 до 5 минути за резултат.
  4. Споредете ја линијата за тестирање со контролната линија.


Како да ги читате резултатите?

  • Позитивен тест. Линијата за тестирање е подеднакво темна или потемна од контролната линија. Овулацијата ќе се случи во следните 24 до 36 часа.
  • Негативен тест. Линијата е бледа или речиси невидлива. LH сè уште не е покачен.
  • Нема линија. Тестот не е валиден, така да направете нов.


Колку често да правите тестови?

Најдобро е еднаш дневно, а кога линијата почнува да потемнува два пати дневно, на пример наутро и вечер, за да не го пропуштиш LH-пикот, кој понекогаш трае само неколку часови.


Што да правите кога ќе добиете позитивен тест?

Тоа е најплодниот период.
За најголеми шанси за забременување имајте однос истиот ден, но и следните 1 до 2 дена.

Сперматозоидите живеат 2 до 5 дена, па и однос пред позитивниот тест може да биде успешен.


Колку се точни овулациските тестови?

Повеќето имаат точност од 97 до 99% во откривање на LH-пик.
Но, не го потврдуваат дали се случила овулација туку само дека телото се обидува да ја предизвика.

Овулација понекогаш може да изостане поради: стрес, болест, хормонални нарушувања, нерегуларни циклуси.


Кој треба да ги користи?

  • Жени кои активно се обидуваат да забременат
  • Жени со нерегуларен циклус
  • Жени кои сакаат да го разберат телото и да ги препознаат плодните денови
  • Парови кои имаат потреба да ги планираат интимните односи.


Корисни совети за подобри резултати

  • Избегнувајте внес на премногу вода 1 до 2 часа пред тестирање.
  • Правете го тестот во исто време секој ден.
  • Следете ја променате на секретот бидејќи заедно со тестот даваат уште попрецизна слика.
  • Ако сте под стрес, циклусот може да се помести, па затоа продолжете да ги правите овие тестови.


Овулациските тестови се едноставен и сигурен начин да ги препознаете плодните денови. Тие не го заменуваат целосното следење на циклусот, но даваат јасен показател кога телото се подготвува за овулација. За многу парови, овие тестови се токму она што недостасувало за да ја зголемат шансата за бременост.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет