cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Колку трпение бара патот до бременост?

Ако не забремените веднаш, не паниете. Прочитајте што е навистина нормално додека се обидувате и кога е време да побарате стручна помош.

Колку трпение бара патот до бременост?

Кога ќе решите дека е време за бебе, желбата за позитивен тест станува сè посилна. Многу парови очекуваат дека зачнувањето ќе се случи веднаш, по еден или два циклуса. Но реалноста е често поинаква. Бременоста не доаѓа секогаш веднаш, и времето што е потребно е различно за секој пар.

 

Што значи „нормално“?

Според Светската здравствена организација и водечките гинеколошки асоцијации:

-        85% од паровите што имаат редовни незаштитени односи ќе забременат во рок од 12 месеци

-        Околу 60% ќе забременат во првите 6 месеци

Значи, дури и ако се обидувате неколку месеци без успех, тоа сè уште е сосема во рамките на нормалното.

 

Колку често треба да имате односи?

Најдобри шанси за забременување има кога парот има односи на секои 2–3 дена, особено во фертилниот прозорец (деновите околу овулацијата).

Не мора да целите точно во овулацијата. Сепак спонтаноста и редовноста често носат подобри резултати од прекумерно планирање.

 

Фактори што влијаат на времетраењето на забременување:

  • Возраст. Плодноста опаѓа по 30-тата година, особено по 35. Истото важи и за мажите, иако побавно.
  • Редовност на циклусот. Нередовна овулација може да ја отежне проценката на фертилните денови.
  • Здравје и начин на живот. Фактори како: стрес, пушење, прекумерна тежина, алкохол и лоша исхрана можат да ја намалат плодноста.
  • Медицински состојби. Ендометриоза, ПЦОС, проблеми со спермата и други фактори можат да влијаат.

 

Кога треба да се побара помош?

Не постои потреба за паника ако не се случи веднаш, но важно е да знаете кога е време за консултација со стручњак:

  • Ако имате под 35 години и се обидувате повеќе од 12 месеци, обратете се на гинеколог
  • Ако имате над 35 години, јавете се по 6 месеци неуспешни обиди
  • Ако имате познати гинеколошки дијагнози или нередовни циклуси, консултација со гинеколог уште на почеток е добра идеја

 

Што можете да направите додека чекате?

  • Следете го циклусот и овулацијата со календар или апликација
  • Одржувајте здрава телесна тежина
  • Консумирајте фолна киселина и здрави масти
  • Избегнувајте алкохол, пушење и стрес
  • Бидете нежни еден со друг, процесот знае да биде емоционално тежок

 

Процесот на забременување е патување, а не трка. За некого тоа се случува брзо, а за други бара повеќе време, трпение и понекогаш медицинска поддршка. Најважно е да го познавате сопственото тело, да се информирате и да не се споредувате со другите. Секој пар има своја приказна и секоја е реална.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет