Колку трае нормален менструален циклус?
Менструалниот циклус е важен показател за репродуктивното здравје на жената. Иако многумина сметаат дека циклусот секогаш трае 28 дена, вистината е дека нормалниот циклус може да варира од жена до жена.
Што се смета за нормален циклус?
Кај возрасните жени, нормален менструален циклус најчесто трае од 21 до 35 дена. Тие можат да бидат пократки или подолги, а сепак да се сметаат за нормални. Најважно е да има одредена редовност од месец во месец
Циклусот се брои од првиот ден на менструалното крварење до првиот ден на следната менструација.
Дали 28 дена е правило?
Иако 28 дена често се користат како просек во медицинските учебници, многу жени имаат циклус од 24 или 25 дена или пакциклус од 30, 32 или 35 дена и тоа може да биде сосема нормално ако се повторува редовно.
Колку трае менструацијата?
Самото крварење обично трае од 3 до 7 дена. Кај некои жени е пократко или подолго без да значи проблем.
Што може да влијае на должината на циклусот?
Постојат повеќе фактори кои можат привремено да го променат циклусот.
Најчести се:
- стресот,
- хормоналните промени,
- бременост,
- доењето,
- нагло слабеење или дебелеење,
- интензивна физичка активност,
- одредени медицински состојби.
Кога циклусот се смета за нередовен?
Добро е да се консултирате со гинеколог ако:
- циклусите често се пократки од 21 ден или подолги од 35 дена,
- менструацијата отсуствува повеќе месеци,
- има многу обилно или многу слабо крварење,
- се јавуваат силни болки или нагли промени во циклусот.
Зошто е корисно да го следите циклусот?
Следењето на циклусот може да помогне:
- подобро да го разберете сопственото тело,
- да ги препознаете плодните денови,
- навреме да забележите евентуални неправилности,
- полесно да комуницирате со лекар доколку е потребно.
Нормалниот менструален циклус најчесто трае помеѓу 21 и 35 дена, а не секогаш точно 28 дена. Секоја жена има свој природен ритам, па поважно од точниот број денови е циклусот да биде релативно редовен и предвидлив. Познавањето на сопствениот циклус е важен чекор кон подобра грижа за репродуктивното здравје.





