cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Како функционира ин витро оплодувањето? Научно објаснето

Ин витро оплодувањето (IVF - in vitro fertilization) е асистирана репродуктивна техника при која оплодувањето на јајце клетката со сперматозоид се случува надвор од телото, во лабораториски контролирани услови.

Како функционира ин витро оплодувањето?

Оваа метода се користи кога природното зачнување е отежнато или невозможно.

 

1. Стимулација на јајниците

Во нормален циклус созрева една јајце клетка, но при IVF се стимулираат јајниците да произведат повеќе.

За таа цел се користат:

  • хормонални инјекции како FSH и LH аналози,
  • редовно ултразвучно следење,
  • мерење на хормонот естрадиол во крв.

Целта е да се добијат повеќе зрели јајце клетки во еден циклус.

 

2. Пункција односно вадење на јајце клетки

Кога фоликулите се доволно зрели јајце клетките се собираат со мала хируршка процедура. Се изведува најчесто со лесна анестезија и под ултразвучна контрола.

 

3. Собирање и подготовка на сперма

Паралелно се обработува примерок од сперма:

  • се избираат најквалитетните сперматозоиди,
  • се отстрануваат неподвижни или абнормални клетки,
  • се подготвува за оплодување.

 

4. Оплодување во лабораторија

Постојат два главни метода:

-        Класично IVF при кое јајце клетките и сперматозоидите се ставаат заедно во лабораториска чинија, а оплодувањето се случува природно во контролирана средина.  

-        ICSI (интрацитоплазматска инјекција на сперматозоид) при која еден сперматозоид се внесува директно во јајце клетката и се користи при послаб квалитет на сперма.  

 

5. Развој на ембриони

По оплодувањето ембрионите се следат 3 до 5 дена, се проценува нивниот квалитет и делба на клетките и се избираат најквалитетните за трансфер.

 

6. Трансфер на ембрион

Еден или повеќе ембриони се внесуваат во матката со помош на тенок катетар. Процедурата е безболна или минимално непријатна, не бара анестезија.

 

7. Имплантација

Ако ембрионот успешно се закачи за слузницата на матката започнува бременост, се продуцира hCG хормон. По 10 до 14 дена се прави тест за бременост.

 

8. Поддршка по трансфер

Обично се даваат прогестерон за поддршка на ендометриумот, понекогаш естроген и редовно се следи состојбата.

 

Кога се користи IVF?

IVF се препорачува при:

  • затнати или оштетени јајцеводи,
  • машки фактор на неплодност,
  • ендометриоза,
  • необјаснета неплодност,
  • неуспешни обиди за зачнување.

 

Успешност на IVF 

Успехот зависи од:

  • возраста на жената,
  • квалитетот на јајце клетките и спермата,
  • здравје на матката,
  • број и квалитет на ембриони.

 

Ин витро оплодувањето е сложен, но прецизно контролираен биомедицински процес кој ја имитира природната репродукција надвор од телото. Со комбинирање на хормонална стимулација, лабораториско оплодување и ембрионален трансфер, IVF им овозможува на многу парови да остварат бременост кога природниот пат е отежнат или невозможен.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет