Колку може да се здебелите во бременоста?
Порано важеше едно правило: од 9 до 12 килограми. Но тие времиња поминаа. Денес постојат нови правила: ако пред бременоста жената е слаба, таа смее да се здебели повеќе од онаа која на почетокот била полна. Но дозволено е од 7 до 18 килограми
Ако во првото тромесечје повеќе слабеете отколку што се поправате, нема место за грижа: вашиот желудник е вознемирен заради вашите чувства и утринските мачнини. Добивањето на тежина се очекува дури од четвртиот месец. Тогаш би требало да добивате околу 300 грама неделно, а во последните недели околу половина килограм. Ако пак некоја жена премалку се здебели, постои опасност бебето да гладува.
Жените кои се подебели честопати стравуваат од следново: прекумерната тежина го зголемува ризикот од зголемен крвен притисок или труднички дијабетес. Но и покрај тоа, бременоста не е време во кое се започнува со диета. Така само можете да му го скратите на бебето тоа што му е потребно. Затоа, послушајте го советот од лекарот кој ќе ви каже како најдобро да постапите.
КАКО СМЕЕ ДА РАСТЕ ИНДЕКСОТ НА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА?
БМИ на почетокот на бременоста – Препорачан раст на тежина во текот на бременоста
- Низок (помал од 19,8) – од 12,5 до 18 килограми
- Среден (19,8 до 26) – 11,5 до 16 килограми
- Висок (повисок од 26) – 7 до 11,5 килограми
ИМАТЕ НЕОДОЛИВИ ЖЕЛБИ? НЕМОЈТЕ ДА СТЕ ПРЕСТРОГИ КОН СЕБЕ!
Дури и често да ви се јаде нездрава храна, нема место за паника. Витамините и минералите кои во таа исхрана недостигаат, можат да се надоместат со средствата кои се додаток на прехраната. Но во текот на бременоста е најважно да сте задоволни и среќни. Оној кој постојано се оптоварува со здрава храна, не прави ништо добро, ниту за себе ниту за бебето.
Совет: ако не можете без чоколада, најдобро е да се почестите со неа. Можете како замена да земете сладолед кој има помалку калории а содржи и калциум па затоа речиси секогаш може го има на вашето трудничко мени.





