Кога не се откажуваш, ти веќе победуваш
Разликата меѓу успехот и поразот е истрајноста. Во свет каде што сe се менува брзо, каде што многумина се откажуваат кога ќе наиде првата пречка, токму истрајноста е она што ги прави силните луѓе непобедливи.
Моќта на истрајноста не е во тоа секогаш да победувате, туку во тоа секогаш да се воздигнувате, без разлика колку пати сте паднале.
Секој мал чекор, секој обид, секое „ќе пробам повторно“ ве доближува до целта.
Истрајноста е доказ дека верувате во себе, дури и кога околината се сомнева.
Денес бидете благодарни за сите предизвици што животот ви ги донел. Тие ве научиле да бидете посилни, помудри и поискусни. Благодарете за секој ден кога сте одлучиле да не се откажете, иако било тешко. Тие денови ве изградиле како личност и ве направиле појаки.
Афирмација за денес:
„Јас сум истраен/истрајна. Јас не се откажувам. Секој ден правам чекор напред кон своите соништа. Мојата сила е во мојата решителност, а мојот успех е прашање на време.“
Затоа, денес кога ќе се соочите со некоја тешкотија, насмевнете се и кажете: „Ќе продолжам и ќе успеам.“
Ваша Рингераја.





