Кога и како бебињата ги прават првите чекори?
Одењето е една од највозбудливите вештини што детето ја развива. Тоа е показател за физичкиот развој, мускулната сила, координацијата и самодовербата.
Секое бебе го постигнува овој развојен чекор со своето темпо, но постојат општи насоки што родителите може да ги следат.
Кога обично започнува одењето?
- Од 9 до 12 месеци можат да се појават првите самостојни чекори.
- Од 12 до 15 месеци повеќето деца почнуваат стабилно да одат.
- Од 15 до 18 месеци нормално е детето се уште се држи за мебел или личност.
Важно е да се запомни дека секое дете е различно и одредени варијации во однос на проодувањето се сосема нормални.
Претходни вештини што го подготвуваат детето
- Лежење на стомак (tummy time) за јакнење на грбот и вратот.
- Седење без поддршка.
- Ползење и лизгање.
- Стоење со поддршка.
Овие активности ја развиваат мускулната сила и координацијата потребни за одење.
Првите чекори
- Држење за мебел (cruising). Детето се движи држејќи се за стол, маса или канцелариски предмети.
- Самостојно стоење. Стои неколку секунди без поддршка.
- Први чекори. Навидум нервзони, кратки чекори со раце испружени за оддржување на рамнотежа.
- Стабилно одење. По неколку недели или месеци пракса, детето почнува да оде без поддршка
Што да следите?
- Рамнотежа и стабилност.
- Мала личност што се држи за мебел наместо за вас постојано.
- Поглед напред и правилна поза.
- Прогресивно зголемување на растојанието и довербата.
Совети за родители
- Обезбедете безбедна средина. Отстранете ги сите остри предмети, заштитете ги аглите и електричните кабли.
- Не го брзајте своето бебе. Тоа треба да учи со своја динамика.
- Дајте му оддршка, но не претерана Дозволете му самостојно да истражува.
- Набавете удобни обувки за проодување. На почеток, подобро боси стапала за подобра контрола и чувство на подлогата.
Кога да побарате совет од лекар?
Консултирајте педијатар ако:
- Детето не покажува интерес за одење по 18 месеци.
- Нема напредок во седењето или стоењето.
- Забележувате необични пози или движења.
Раната проценка може да помогне за препознавање на мускулни или невролошки проблеми.
Одењето е голема победа за детето и родителот. Тоа не е само физички развој, туку и развој на самодоверба и независност. Со трпение, безбедна средина и поддршка, детето ќе го совлада овој голем чекор со радост.





