Како да изберете совршена количка за бебе?
Изборот на количка за бебе е една од најважните одлуки за новите родители. Денес постојат многу модели со различни функции и дизајни, па лесно може да се почувствувате збунето.
Но „совршената“ количка не мора да е нужно најскапата туку онаа што најдобро одговара на вашиот начин на живот, потребите на бебето и секојдневните рутини.
Безбедноста е на прво место
Најважниот фактор при избор на количка е безбедноста. Експертите препорачуваат модел со стабилна конструкција, сигурни сопирачки и појас со пет точки за врзување, кој го држи бебето безбедно во седиштето.
Проверете дали:
- количката има цврста рамка,
- сопирачките функционираат и лесно се активираат,
- механизмот за отворање и затворање е сигурен,
- материјалите се квалитетни и стабилни.
Исто така, важно е количката да биде соодветна за возраста и тежината на детето. Новороденчињата имаат потреба од лежечка позиција бидејќи ‘рбетот и вратот сè уште не се доволно развиени.
Размислете каде најчесто ќе ја користите
Пред купување, запрашајте се:
- Дали во нега детето ќе го шетате најмногу во град?
- Дали често ќе ја ставате во автомобил?
- Дали ќе ја користите на нерамни патеки и паркови?
За градски услови и често движење, практични се лесни и компактни колички. Ако често шетате по нерамни терени, подобар избор се модели со поголеми тркала и добра амортизација.
Практичност за секој ден
Количката треба да ви го олеснува животот, а не да создава дополнителен стрес. Затоа обрнете внимание на:
- тежината на количката,
- да биде лесна за управување,
- да има еднорачно склопување,
- просторот за складирање,
- да има прилагодлива рачка.
Многу родители дури подоцна сфаќаат колку е важно количката лесно да се собира и да ја собира во багажник.
Комфор за бебето
Бебето поминува многу време во количката, па удобноста е исклучително важна. Добро е моделот да има:
- мека и удобна подлога,
- прилагодлива позиција за спиење,
- добра вентилација,
- голема заштитна тенда.
Експертите предупредуваат дека покривање на количката со ќебе во топло време може да создаде опасно висока температура и слаб проток на воздух. Затоа е подобро количката да има квалитетна UV заштита и добра циркулација на воздух.
Цена vs. квалитет
Скапата количка не секогаш е и најдобра. Наместо брендот, фокусирајте се на:
- безбедноста,
- функционалноста,
- издржливоста,
- практичност за вашите потреби.
Понекогаш едноставен и лесен модел е многу подобар избор од голема и тешка количка со функции што никогаш нема да ги користите.
Најдобро е количката да ја пробате при купувањето. Оттуркајте ја, склопете ја, проверете колку тежи и дали реално можете секојдневно да ја користите без мака. Она што е идеално за едно семејство, не мора да биде најдобар избор за друго.





