Како правилно да го масирате своето бебе?
Масажата на бебе е едноставна, нежна практика која може да помогне за смирување, подобар сон, подобра циркулација и зајакнување на врската помеѓу родителот и бебето. Клучно е да се изведува полека, со внимание и почит кон сигналите на бебето.
Кога е најдобро време?
- Кога бебето е мирно и будно.
- Не го масирајте веднаш после хранење. Почекајте 30-40 минути.
- Пред спиење за релаксација.
- Кога бебето не е болно или премногу вознемирено.
Масажата треба да биде пријатно искуство, не обврска.
Подготовка
Пред да започнете со масжа измијте ги рацете и стоплете ги. Собата треба да биде топла и тивка со удобна површина за масирање. Користете бебешко масло по потреба.
Основни техники за масажа
1. Нозете масирајте ги со нежни движења од бутот кон стапалото со лесно стискање и пуштање.
2. Кај стапала со кружни движења масирајте ги табаните, а прстите нежно.
3. Стомакот масирајте го со лесни кружни движења во насока на стрелките на часовникот. Ова може да помогне при гасови и грчеви
4. Рацете масирајте ги нежно со повлекување од рамо кон дланка и потоа масирајте ги прстите.
5. кај масажа на грбот бебето легнете го на стомак и правете нежни движења од вратот кон долниот дел на грбот.
На што да внимавате?
- Секогаш бидете многу нежни при масажа.
- Избегнувајте притисок на коските.
- Не масирајте го го бебето ако плаче или се противи.
- Следете ги реакциите на бебето.
Масажата треба да се прилагодува на неговото расположение.
Придобивки од бебешка масажа
Редовната масажа може да помогне во: подобар сон, намалување на грчевит, смирување и намалување на стресот, подобра циркулација како и зајакнување на поврзаноста со родителот.
Бебешката масажа не бара посебни вештини само нежност, внимание и трпение. Со неа му давате на бебето чувство на сигурност и љубов, што е најважно за неговиот развој.





