cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Календар на плодност. Kако да го користиш паметно?

Календарот на плодност е една од наједноставните и најдостапни алатки за следење на циклусот и препознавање на плодните денови.

Календар на плодност. Kако да го користиш паметно?

Но иако звучи едноставно, многу жени го користат погрешно, што води до разочарување, непотребен стрес и чувство дека нешто не е во ред.

Кога се користи паметно, календарот може да биде корисен водич, но не и апсолутно правило.

 

Што всушност е календар на плодност?

Тоа е метод за следење на менструалниот циклус со цел да се процени кога се случува овулацијата, кои се најплодните денови и како се менува циклусот со текот на времето.

Може да биде хартиен календар, мобилна апликација или едноставни белешки.

 

Како да започнеш со користење?

1. Следи најмалку 3 циклуси

Еден циклус не е доволен за заклучоци. Следењето повеќе месеци дава пореална слика за твојот ритам.

 

2. Овулацијата не е секогаш на 14тиот ден

Ова е најчестиот мит. Кај многу жени овулацијата се поместува и не е секогаш ист ден. Може да дојде порано или подоцна па затоа календарот е проценка, не гаранција.

 

Како да го користиш поефикасно?

Комбинирај го со телесни знаци

Календарот е најточен кога се комбинира со: цервикална слуз, лесна болка во јајниците, зголемен либидо и промените во расположението.

Телото често дава сигнали. Затоа научи да ги препознаеш.

 

Плодниот период трае повеќе денови

Не е само еден точен ден. Спермата може да преживее до 5 дена, што значи дека 3 до 5 дена пред овулација се исто така важни

 

Не дозволувај календарот да создава притисок

Претворањето на интимноста во „обврска по распоред“ може да го зголеми стресот, а стресот не му помага на телото.

 

За кого е најкорисен календарот?

-        За жени со релативно редовен циклус.

-        За оние што сакаат подобро да го запознаат своето тело.

-        За парови кои сакаат природен пристап кон зачнување.

 

Кога календарот може да биде неточен?

Во случаи како: нерегуларни циклуси, хормонални нарушувања, период по породување, доење или висок стрес корисно е календарот да се комбинира со други методи или лекарски совет.

 

Што ако бременоста не доаѓа?

Календарот е алатка, не мерка за вредност или успех. Ако по подолг период нема резултат, тоа не значи дека си „згрешила“.

Разговор со гинеколог е чекор на грижа, не на пораз.

 

Календарот на плодност е добар сојузник кога се користи реално и без притисок. Тој помага да се поврзеш со сопственото тело, а не да го контролираш по секоја цена.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет