Јазичен и когнитивен развој: Како се гради речникот кај бебето?

Бебето не се раѓа со изграден речник, но уште од првиот ден неговиот мозок се подготвува за јазик. Многу пред да каже „мама“ или „тато“, тоа слуша, набљудува и создава основа за комуникација.

Како се гради речникот кај бебето?

Развојот на речникот не е само учење зборови. Тој е директно поврзан со развојот на мислењето, меморијата, вниманието и емоционалната интелигенција.

 

Зошто речникот е важен за мозокот?

Кога бебето слуша зборови се создаваат нови невронски врски, се зајакнува меморијата, се подобрува вниманието и се развива разбирањето на светот околу него.

Јазикот не е одвоен од размислувањето туку тој го гради размислувањето.

Колку повеќе бебето слуша зборови во топла и интерактивна комуникација, толку посилни стануваат овие мозочни врски.

 

Развој по фази

0-3 месеци: Слушање и препознавање

  • Се врти кон познат глас.
  • Се смирува кога го слуша родителот.
  • Почнува да гуга.

Иако не зборува, бебето веќе ги учи звуците.

 

4-6 месеци: Истражување на звуци

  • Почнува да брбори, „ба“, „ма“, „да“ и слично.
  • Реагира на интонација.
  • Го набљудува вашето лице додека зборувате.

Во оваа фаза ги вежба основите на говорот.

 

7-12 месеци: Разбира пред да зборува

  • Го препознава своето име.
  • Разбира едноставни зборови како „не“, „чао“ и слично.
  • Користи гестови како покажување, мафтање и друго.

Разбирањето е секогаш поголемо од зборувањето.

 

12-18 месеци: Први зборови

  • Кажува од еден до 20 различни зборови.
  • Имитира звуци.
  • Покажува предмети кога ги именувате.

Секој нов збор ја зајакнува способноста за паметење и категоризација.

 

18-24 месеци: „Експлозија“ на речникот

  • Брзо зголемување на бројот на зборови.
  • Комбинира два збора.
  • Разбира едноставни инструкции.

Ова е период на големи когнитивни скокови.

 

Како да му помогнете на бебето?

Не ви се потребни скапи играчки. Најважна е комуникацијата.

1.    Зборувајте му постојано

Опишувајте што правите. Како на пример: „Сега ги облекуваме чорапчињата.“, „Водата е топла.“ Така бебето ги поврзува зборовите со предметите и ситуациите.

2.    Читајте му секој ден

Книгите воведуваат нови зборовиво речникот, ја развиваат концентрацијата и ја поттикнуваат фантазијата. Повторувањето ја зајакнува меморијата.

3.    Одговарајте на неговото брборење

Кога бебето ќе каже „ба“, вие одговорете: „Да, тоа е топка.“ Така учи како функционира разговорот.

4.    Користете гестови

Покажувањето, мафтањето и плескањето ја поддржуваат врската меѓу јазикот и мислењето.

5.    Пејте му песни

Песните го подобруваат чувството за ритам, меморијата и препознавањето на звуци. 

 

Што да избегнувате?

  • Прекумерна употреба на екрани.
  • Прегрубо корегирање на изговорот на одреден збор.
  • размислувањето дека се сеуште мало .

Бебињата разбираат многу повеќе отколку што можат да кажат.

 

Јазикот е и емоција

Кога зборувате со бебето градите доверба и ја зајакнувате поврзаноста, а со тоа го поддржувате емоционалниот развој. Она бебе кое се чувствува безбедното и сакано полесно учи.

 

Секојдневните моменти како пресоблекување, прошетка, приказна пред спиење се можност да го развивате мозокот на вашето бебе, збор по збор.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет