cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Како да се подготвите за спермограм?

Спермограмот е едноставен тест, но подготовката за него прави огромна разлика.

Како да се подготвите за спермограм?

Многу мажи мислат дека е доволно само да се појават во лабораторија, но вистината е дека резултатите можат значително да варираат зависно од тоа што сте правеле денови претходно.

Еве како навистина да се подготвите, без митови и без непотребен стрес.

 

1. Апстиненцијате е златната средина

Најважното правило при подготовка за спермограм е воздржување од ејакулација 2 до 5 дена. Ако апстинирате премалку време помал е и бројот на сперматозоиди. Ако пак апстиненцијата трае предолго има намалена подвижност.

Телото функционира најдобро во баланс, не во екстреми.

 

2. Температурата е тивок фактор

Тестисите работат оптимално на пониска температура од телото.

Неколку дена пред тестот избегнувајте: престој во сауни и парни бањи, топли купки и долго седење со лаптоп во скут.

Дури и ова може да влијае на квалитетот на примерокот кој го давате за испитување.

 

3. Алкохол, цигари и стимуланси

Алкохолот го намалува квалитет на сперма, никотинот влијае на подвижноста на сперматозоидите, а пак прекумерниот внес на кофеин може да влијае на хормонскиот баланс.

Најдобро е овие работи да ги избегнувате ги барем 3 до 5 дена пред тестот.

 

4. Лекови и суплементи

Некои лекови како антибиотици и хормонални терапии можат да влијаат на резултатот.

Важно е да не прекинувате со терапија на своја рака и да ја информирате лабораторијата или лекарот.

 

5. Сонот и стресот се потценети фактори

Недостаток на сон и висок стрес го намалуваат тестостеронот и влијаат на квалитетот на сперматозоидите.

Ден пред тестот наспијте се доволно и избегнувајте напорни тренинзи.

 

6. Денот на тестирање

- Одржувајте хигиена без да користите сапуни што можат да остават хемиски траги.

- Примерокот најчесто се дава со мастурбација во стерилен сад.

- Важно е да се собере целата количина.

 

7. Ако примерокот се носи од дома

- Да се достави во рок од 30 до 60 минути.

- Да се чува на телесна температура, а не во фрижидер.

 

8. Еден тест не е конечна пресуда

Спермограмот е моментална слика, а не финална дијагноза.

Често лекарите препорачуваат: повторување по неколку недели и споредување на резултати.

 

Подготовката за спермограм не е комплицирана, но бара внимание на детали. Малите навики од секојдневието како сон, температура, стрес имаат поголемо влијание отколку што повеќето луѓе мислат.

Најважно е да не се гледа на тестот како на испит, туку како на корисна информација за вашето здравје.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет