Јаглехидрати и нивниот гликемиски индекс

Јаглехидратите се основа во исхраната на секој човек. Нивната секојдневна употреба изнесува околу 55% од вкупната количина на енергија.

Јаглехидрати и нивниот гликемиски индекс

Јаглехидратите се основа во исхраната на секој човек.  Нивната секојдневна употреба  изнесува околу  55% од вкупната количина на енергија, освен ако не сте на некоја посебна “месна “ диета, каде што се забранети сите житарици и млечни производи, а некаде дури и овошјето е исклучено. Искрено овие диети  во светот веќе се големо демоде, а Аткинсовата фирма скоро и банкротирала.                                                                                                                                                                                                                                                 

Актуелен е нов тренд на следење на висината на шеќер во крвта преку  одреден производ што го конзумираме. Бројот кој го обележува производот во овој процес се нарекува гликемиски индекс.                                                                       

Затоа во текот на денот  треба да се консумираат производи со ниска вредност на гликемиски индекс, за да се овозможи константно ниво на шеќерот во крвта (тоа е таа ситост што ја чувствуваме после нивно консумирање). Овде спаѓаат скробните јаглехидрати: тестенините, оризот и легуминозите: грашок, грав,  соја. Од друга страна спротивно на ова компирот иако е дел од скробните јаглехидрати, има повисоко ниво на гликемиски индекс и како резултат на тоа побрзо се разложува во крвта, и за пократко време веќе  чувствуваме глад, со што повторно и почесто посегнуваме по храна и доаѓа до зголемување на калориите и секако неминовно е дебелеењето.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                               

Во прости јаглехидрати спаѓа групата на шеќери (имаат највисок гликемиски индекс): глукоза, галактоза… Простите шеќери треба да ги избегнуваме затоа што не се разложуваат и одат директно во крвта, во 90% од случаевите ако телото нема потреба од енергија  завршуваат како масни наслаги. Најлоша комбинација  преставуваат производи кои во својот состав имаат брзи јаглехидрати(со висок степен на гликемиски индекс) и масти, а еден таков производ се чоколадите,тортите…                                                                                                                                                                                                  

Може да кажеме  дека здравата исхрана се сведува на умереност и разновидност. Мој совет е да  започнете со мали чекори кон правилниот пат за здрава исхрана: замена на белиот леб со интегрален, избегнувајте газирани и обични сокови кои се целосно составени од прости шеќери  и намалете го внесот на чоколадо односно редуцирајте го колку што можете повеќе.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет