Истегнување или кинење на мускул? Како да ги разликуваш симптомите?

Повредите на мускулите се чести, особено кај луѓе кои се физички активни, без разлика дали станува збор за спорт, работа или секојдневни активности.

Истегнување или кинење на мускул?

Но, многумина не знаат дали болката што ја чувствуваат е само истегнување или нешто посериозно како кинење на мускул. Разликувањето на овие две повреди е важно за да знаете како да постапите и колку време е потребно за опоравување.

 

Што е истегнување на мускул?

Истегнување настанува кога мускулот или тетивата се развлекуваат повеќе од нормално, но без целосно оштетување на влакната. Често се јавува по нагло движење, прекумерно оптоварување или недоволно загревање.

Симптоми на истегнување се: блага до умерена болка, чувство на затегнатост, лесно ограничено движење, мал или без оток, болката се намалува за неколку дена.

 

Што е кинење на мускул?

Кинењето значи оштетување на мускулните влакна од делумно до целосно распаѓање. Тоа е сериозна повреда која бара повеќе време и често медицинска интервенција.

Симптоми на кинење се: остра, нагла болка во моментот на повреда, видно намалена сила на мускулот, забележливо отекување или модринки, понекогаш се слуша „пук“ звук при кинењето, тешкотии или неможност за движење на погодениот дел.

 

Како да реагирате?

  • Кај истегнувањето потребен е одмор, ставање мраз на местото, лесно истегнување по неколку дена и постепено враќање на активноста.
  • Кај кинењето треба итно да се посети лекар. Можно е да е потребна имобилизација, физикална терапија или хируршка интервенција.

 

Ако болката е силна, има големо отекување или не можете да ја движите повредената област, не ризикувајте побарајте стручна помош веднаш.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет