И мајките се луѓе. Зошто не мора секогаш да бидете хероина?
Мајчинството е неверојатно искуство полно со љубов, со неизбежен стрес, грижи и неизвесност. Општествените очекувања често создаваат притисок дека треба да бидете совршени, сe да направите како што треба, да сте среќни и смирени постојано.

Но, вистината е дека супермајката е мит, а менталното здравје на мајката е клучно за здравјето на целото семејство.
Менталното здравје не е слабост
Прекумерниот стрес, анксиозноста и моментите на умор се нормални. Дозволувањето на себе си да се чувствувате уморно, несигурно или преплавено не ве прави лоша мајка. Напротив, тоа е знак дека телото и умот се адаптираат на новите предизвици.
Совршенството не е цел
Секоја мајка има свои граници, а обидот постојано да се биде „совршена“ создава чувство на вина и незадоволство. Понекогаш е доволно само да бидете присутни, да ја слушате својата интуиција и да покажтеш љубов и грижа.
Децата учат повеќе од тоа како се справуваш со предизвици, отколку од секој „совршен“ момент.
Побарајте помош и поддршка
Мајчинството не мора да се носи само. Разговарајте со партнерот, пријателите или семејството за вашите чувства. Понекогаш е доволно мал знак на поддршка за да се чувствувате посилни и помирни.
Мали навики за психичко благосостојба
- Правете кратки паузи за дишење и релаксација
- Одвојте дневно време за себе, дури и 10-15 минути
- Практикувајте вежбање, прошетки на свеж воздух или кратки медитации
- Разговарајте со други мајки кои ја разбираат реалноста
Сите овие мали чекори значително влијаат врз стабилноста на менталното здравје.
Мајчинството не е трка за совршенство. Мајчинството е патување полно со љубов, учење и прифаќање на себе. Не морате да бидете супермајка. Бидете мајка која се грижи за себе и за своето ментално здравје. Кога вие сте добро и вашето дете и целото семејство ќе бидат подобро.