cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Емотивна порака на париски вдовец која скрши 150,000 срца

На социјалните мрежи се прошири емотивна порака на париски вдовец кој напиша отворено писмо до терористите, откако дозна дека неговата сопруга и мајката на нивниот 17-месечен син, трагично загина во концертната сала Батаклан во Париз

Емотивна порака на париски вдовец

 

"Во петокот навечер го одзедовте животот на едно исклучително човечко битие, љубовта на мојот живот, мајката на мојот син, но нема да ја добиете мојата омраза. Не знам кои сте и не сакам да знам. Вие сте мртви души. Доколку овој наш Бог, во чие име убивате, не направил по своја слика и прилика, тогаш секој куршум во телото на мојата жена, е по една рана во неговото срце". Со овие зборови ја започна својата исповед на Facebook, Antoine Leiris.

Споменатиот парижанин ја изгубил својата сопруга во терористичкиот напад на Париз, поточно во концертната сала Батаклан. По трагичниот случај на терористите им оставил порака на својот профил со наслов Vous n’aurez pas ma haine (Нема да ја добиете мојата омраза), која досега е споделена 158,000 пати.

“Не, нема да ви го пружам задоволството да дознаете дека ве мразам. Вие тоа го сакате, но да се реагира со лутина на омразата е исто како да се подлегне на незнаењето, кое вас ве направи ова што сте. Мојот син и јас ќе бидеме посилни од сите војски на светот. И не можам да губам повеќе време со вас, бидејќи морам да му се посветам на мојот син, кој штотуку се разбуди”, истакна парискиот вдовец на својот профил.

“Мојот син има 17 месеци и сега ќе го изеде својот оброк, а потоа ќе си играме како што го правиме тоа секој ден и ќе биде среќен и слободен до крајот на својот живот. Вие никогаш нема да ја добиете неговата омраза”, додаде Antoine Leiris во силната порака со која се спротивставува на тероризмот и агресијата.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет