Емоционално јадење: Кога храната не е глад, туку утеха?
Колку пати ви се случило да посегнете по храна кога си тажен, нервозен или под стрес?

Ако ви се случува често, можеби се соочувате со феноменот наречен емоционално јадење, кога храната не е средство за да го задоволите физичкиот глад, туку начин да најдете утеха.
Што е емоционално јадење?
Емоционалното јадење е реакција на емоциите, а не на физиолошката потреба за храна. Наместо глад, чувството на стрес, анксиозност, осаменост, здодевност или тага предизвикува желба за одредени видови храна, најчесто високо калорични и „удобни“ храни како чоколадо, чипс, сладолед или брза храна.
Зошто телото посегнува по храна кога емоциите се комплицирани?
Кога сме под стрес или емотивно вознемирени, телото ослободува хормони како кортизол кои влијаат на апетитот и желбата за слатки и масни намирници. Храната, особено таа што е богата со шеќери и масти, краткорочно ни создава чувство на задоволство и опуштање.
Последици од емоционалното јадење
- Вишок килограми и проблеми со тежината
- Чувство на вина и срам по оброкот
- Пореметување на нормалната врска со храната
- Зголемување на стресот и негативните емоции, што ја отвора кругот на емоционално јадење
Како да го препознаете емоционалното јадење?
- Јадете кога не си физички гладен/а
- Јадете брзо и без да уживате во храната
- По јадењето се чувствувате виновно или срамно
- Се храните за да избегнете непријатни емоции
Како да се справите со емоционалното јадење?
- Почнете да ги препознавате вашите емоции. Пишете дневник или размислувајте што точно ве тера да посегнете по храна
- Најдете други начини за утеха. Разговарајте со пријател, прошетајте, вежбајте, медитирајте или направете нешто што ве релаксира
- Јадете свесно. Обратете внимание на храната, вкусовите и текстурата, и јадете бавно
- Планирајте оброци. Редовната исхрана помага да се избегнат силни осцилации во гладот и емоциите
- Побарајте помош: Ако емоционалното јадење станува неконтролирано, консултирајте се со психолог или нутриционист
Храната е многу повеќе од енергија. Таа е дел од нашето емоционално искуство. Кога ќе научиме да ги препознаваме и да управуваме со емоциите, ќе можеме да го промениме односот со храната и да се чувствуваме поздраво и поцврсто во сопствената кожа.