Досада, тага или глад? Како да направите разлика?

Колку пати сте посегнале по фрижидерот без да сте навистина гладни? Или пак сте го забележал своето дете како бара нешто за јадење само неколку минути после оброк?

Досада, тага или глад?

Прашањето е: дали навистина сме гладни, или храната често ја користиме како утеха за емоции што не знаеме да ги препознаеме?

Многу луѓе ја мешаат досадата, тагата и гладот, и токму тоа доведува до неконтролирано јадење, чувство на вина и навики што не му годат на телото. Но постојат начини да се научи разликата и да се реагира на вистинскиот начин.


Како изгледа вистинскиот глад?

Физиолошкиот глад има своја „биологија“. Тој доаѓа постепено, а не одеднаш, и се препознава по: кркорење на желудникот, намалена енергија или замор, раздразливост, опаѓање на концентрацијата, секоја храна изгледа примамливо, не само конкретна.

Кога ќе се најадеш, вистинскиот глад исчезнува и чувствуваш ситост.


Досада, кога мозокот бара забава, не калории

Колку пати сте се нашле во ситуација да седите дома, да листате програми на телевизија или телефон и „одеднаш“ да сакате нешто да грицкате? Ова е класичен пример за јадење од досада.

Знаци дека е досада, а не глад: желбата доаѓа ненадејно, барате конкретна храна (чипс, чоколадо, сладолед), ако се впуштите во друга активност (шетање, разговор, слушање музика), „гладот“ магично исчезнува.

Наместо храна, пробајте активности што ќе го стимулираат мозокот како што се кратка прошетка, читање, решавање загатка или дури и средување на простор.


Тага, кога храната станува утеха

Емоционалното јадење е многу честа појава. Кога сме тажни, анксиозни или под стрес, телото лачи кортизол, хормон кој ја зголемува желбата за брзи јаглехидрати и шеќери.

Знаци дека јадете од тага: чувството за глад е многу интензивно и бара утеха, преферирате слатко или многу масно, јадењето не завршува со ситост, туку со вина, храната е обид да ја „пригушти“ емоцијата, но не ја решава.

Наместо да посегнеш по чоколадо, пробај техники за емоционално олеснување: длабоко дишење, пишување во дневник, разговор со блиска личност или топол туш.


Практичен метод за проверка, 5-минутно правило

Кога ќе почувствувате потреба за храна, поставете си прашање: „Дали би изел/а јаболко (или друга едноставна здрава храна)?“ Ако одговорот е да, тоа е вистински глад. Ако одговорот е не, сакам нешто специфично, тоа е емоција или досада.

Додадете и 5 минути чекање. Ако после тоа и понатаму се чувствувате гладни, јадете. Ако не, најверојатно било досада или тага.


Како да се научите да ги разликувате?

  1. Водете дневник на јадење. Запиши кога, што и зошто јадете. По некое време ќе забележите шаблони.
  2. Следете ги чувствата. Ако сте нервозни, тажни или ви е здодевно, прво решете ја емоцијата, а потоа мислете на храна.
  3. Создајте листа на мали активности што можете да ги направите наместо јадење (сложувалка, книга, музика).
  4. Научете да се тешите без храна. Храната може да биде уживање, но не и решение за тага.


Нашето тело јасно знае кога е гладно, но често умот ја меша потребата за храна со потребата за внимание, љубов или забава. Досадата и тагата се силни „маски“ на гладот, и доколку не ги препознаеме, можеме да создадеме навика на емоционално јадење.

Научете да слушате што навистина бара вашето тело. Понекогаш тоа не е чинија со грицки, туку прегратка, прошетка или едноставно момент на мир.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет