cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Домашно масло од портокал. Природно, миризливо и хранливо за вашата кожа

Портокалот е вкусен и освежувачки плод. Редовен на нашите трпези кога станува збор за здрава храна полна со витамини. Но дали знаете за маслото од портокал?

Домашно масло од портокал

Ова масло е полно со витамин Ц, антиоксиданти и есенцијални масла кои ја подмладуваат и хидрираат кожата. Подготвувањето домашно масло од портокал е едноставно и забавно, а резултатот е мекост, сјај и природна заштита за целото тело.

 

Што ви е потребно за ова масло?

  • 2-3 свежи портокали поточно кората
  • 100 мл базно масло (бадемово, кокосово или маслиново)
  • Чиста стаклена тегла со капак
  • Лажица и ситно ренде

 

Чекори за подготовка:

1. Измијте ги портокалите

Тие треба да бидат органски, без пестициди. Темелно измијте ги и исушете ги со крпа.

2. Издлабете ја кората

Со ситно ренде, изрендајте ја само портокаловата кора, избегнувајќи го белиот горчлив слој.

3. Измешајте ја изренданата кора со базното масло

Ставете ја изренданата кора во тегла и прелијте ги со избраното масло. Промешајте добро за да се покрие целосно содржината.

4. Оставете да отстои

Затворете ја теглата и оставете ја на топло, темно место од 7 до 14 дена.
Секој ден протресувајте ја теглата за да се измеша маслото и ренданата кора.

5. Процедете и чувајте ја во затворен сад

По периодот од 7 до 14 дена, процедете ја смесата преку газа или сито.
Складирајте го домашното масло во темно стаклено шише на ладно место.

 

Како да го користите?

Со маслото од портокал масирајте го телото по туширање за мекост и сјај на кожата.

Можете да додадете неколку капки во купка за релаксација и мирис. Можете да го користите редовно како масло за кожа против сувост, особено во ладните денови

 

Предности на домашното масло од портокал

  • Хидратација и хранливост. Комбинацијата од масло и портокалот ја храни кожата.
  • Природен мирис и енергија. Ароматата на портокал го буди умот и гом подобрува расположението.
  • Антиоксиданс ефект. Витаминот Ц помага во заштита од стареење и слободни радикали.
  • Пријатна нега. Мирисот и текстурата на маслото се погодни за моментите на релаксација

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет