Децата и животните: Пријателство што учи, гради и лечи

Врската меѓу децата и животните отсекогаш предизвикувала посебни емоции. Еден поглед на куче што со радост трча кон своето мало сопствениче или маче кое нежно се гали во скутот на дете е доволен доказ дека оваа релација крие нешто магично.

Децата и животните: Пријателство што учи, гради и лечи

Животните како учители на емпатија

Децата што растат со домашни миленици често развиваат посилна емпатија. Тие учат да препознаваат кога животното е гладно, уморно или сака внимание, а со тоа стануваат почувствителни и на емоциите на луѓето околу нив.

 

Одговорност уште од мали нозе

Грижата за животно како полнење на чинијата со храна, редовно шетање или чешлање на крзното, им помага на децата да сфатат што значи одговорност. Дури и наједноставната задача може да ја зголеми нивната самодоверба и чувство дека придонесуваат во семејството.

 

Намалување на стрес и анксиозност

Истражувањата покажуваат дека присуството на милениче може да го намали нивото на стрес кај децата. Мекото крзно и топлината на животното имаат смирувачки ефект понекогаш подобар и од најомилената играчка.

 

Поврзаност со природата

Животните се „прозорец“ кон природата. Преку нив, децата учат за циклусот на животот, за потребата од движење, храна, грижа и почит кон сите живи суштества. Ова може да создаде основа за љубов кон животната средина и одговорно однесување во иднина.

 

На што треба да внимавате како родители?

Иако врската дете-животно е прекрасна, таа бара и одредена претпазливост:

  • Поради безбедност, никогаш не оставајте многу мало дете само со милениче, без надзор.
  • Внимавајте на хигиената. Редовни ветеринарни прегледи, вакцинации и одржување на чистота се неопходни.
  • Соодветност на миленичето бидејќи не секое животно е погодно за секое семејство. Важно е да се избере милениче според условите и возраста на детето.


Животните не се само миленичиња. Тие стануваат членови на семејството, пријатели и учители. Врската меѓу децата и животните е школа за љубов, емпатија и одговорност. А најубавото е тоа што додека децата учат да се грижат за нив, животните безрезервно им враќаат со љубов и приврзаност.

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет