cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Зошто е многу полесно да се има второ дете?

Кога го добиваш првото дете, сe е ново. Стравот, неизвесноста и илјада прашања се дел од секој ден. Кај второто дете, приказната е поинаква. Не затоа што е полесно во секој момент туку затоа што вие сте поинакви.

Зошто е многу полесно да се има второ дете?

Еве зошто многу родители велат дека второто дете доаѓа со помалку стрес.

 

1. Веќе знаете дека ќе преживеете

Кај првото дете се редат безброј прашања: „Што ако погрешам?“, „Што ако не сум доволно добра?“ се дел од нив.

Кај второто знаеете дека сте поминале низ непроспиени ноќи, плач, замор и сте излегле уште посилни.

Со еден збор искуството носи смиреност.

 

2. Не паничите за секој плач

Првпат, секој плач звучи како аларм. Вторпат, препознавате дали станува збор за: глад, умор, потреба за близина. Па не реагирате со паника, туку со разбирање.

 

3. Помал е притисокот да бидете „совршен родител“

Со првото дете често се обидуваме да ги следиме сите правила преку: книги, совети или туѓи искуства.

Со второто си дозволувате да слушате себеси.

 

4. Опремата веќе постои

Количка, креветче, облека, искуство, сè е тука. Нема големи подготовки, листи и финансиски стрес како првиот пат.

 

5. Телото знае што да прави

Иако секоја бременост е различна, телото побрзо ги препознава сигналите, често полесно се адаптира, а понекогаш и породувањето оди поедноставно.

 

6. Партнерот е поискусен

Кај второто дете поделбата на обврски е појасна бидејќи и комуникацијата е подобра. Веќе знаете како да се поддржите еден со друг

 

7. Повеќе уживате, помалку брзате

Со првото дете постојано се грижиште дали правите доволно.
Со второто уживате во моментите бидејќи знаете дека фазите поминуваат, па не се плашите од секоја промена.

 

8. Постарото дете помага на свој начин

Иако понекогаш носи љубомора, постарото дете: внесува смеа, создава врска меѓу браќа и сестри и го прави домот пожив.

 

Второто дете не значи помал предизвик туку вашата несигурност и страв се помали.
Не затоа што сè е лесно, туку затоа што вие сте посилни, посигурни и поискусни. А тоа прави огромна разлика.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет